ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Министерката Шахпаска на Министерскиот состанок на ЕУ: Северна Македонија е прва земја во регионот што ја разви Младинската гаранција, поддршката од ЕУ и меѓусебната соработка

July 8, 2021 19:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска учествуваше на Вториот министерски состанок за вработување и социјални прашања, на кој присуствуваа и министрите од земјите членки на Европската унија и од земјите од Западен Балкан, кој се одржа во Брдо кај Крањ, Словенија. Министерскиот состанок е во рамките на словенечкото претседателство со Советот на Европската унија, кое започна на почетокот на овој месец.

На состанокот, на кој се дискутираше за младинските политики и за обезбедување на одржлива интеграција на младите лица на пазарот на трудот, присуствуваше и еврокомесарот за работни места и социјални права Николас Шмит, кој најави силна поддршка за имплементирање на Младинската гаранција во сите земји од Западен Балкан.

Министерот за труд, семејство, социјални работи и еднакви можности на Република Словенија Јанез Циглер Краљ, во своето обраќање оцени дека младите се погодени од кризата и затоа е од исклучително значење да се обезбеди поддршка и за младите од земјите членки на ЕУ, но и за младите во земјите на Западен Балкан.

На состанокот беше нагласено дека Република Северна Македонија, како прва и единствена земја од регионот на Западен Балкан, во 2018 година презема „пионерски“ чекори во оваа насока, пилотирајќи ја Младинската гаранција, целосно заснована на моделот на ЕУ, по што од наредната 2019 година таа иницијатива се имплементира низ територијата на целата држава.

„Во досегашната имплементација, на програмата Младинска гаранција во Република Северна Македонија, учество земаа околу 60,000 млади лица. Би сакала да истакнам дека од 2019 година, статистичките податоци поврзани со пазарот на трудот, покажуваат значајни и крупни подобрувања во однос на младите лица. Стапката на вработеност на младите (15-29 години) се зголеми за 3,5 процентни поени во споредба со 2018 година. Стапката на младинска невработеност се намали од 37 на 30,5 проценти, а стапката на NEETs (млади кои не се вработени, ниту се во вклучени во образование или обука) исто така бележи значително намалување за 5,3 процентни поени, од 29 на 24,5 проценти“, истакна министерката Шахпаска.

Таа посочи неколку анализи и истражувања, кои јасно наведуваат дека овие позитивни трендови во однос на младите на пазарот на труд во нашата држава последните неколку години се резултат на повеќето сеопфатни и координирани политики насочени кон младата популација, а пред сè на имплементацијата на Младинската гаранција.

„На овој состанок се обврзуваме на посилна, многу поинтензивна и фокусирана меѓусебна поддршка и соработка помеѓу земјите од Западен Балкан   и Европската унија, во справувањето со предизвиците поврзани со младите лица, нивното вработување, активација, учеството и одржливата интеграција на пазарот на трудот. Ова се предизвици кои се заеднички за сите земји од регионот, но и за Унијата и предизвици кои станаа уште поизразени во изминатиот период кога сите ние бевме погодени од здравствената и економска криза предизвикана од пандемијата на COVID-19. Младите лица се една од категориите кои беа навистина силно погодени од кризата“, нагласи министерката Шахпаска.

На состанокот министрите од шесте земји од Западен Балкан прифатија Декларација за обезбедување на одржлива интеграција на младите лица на пазарот на труд, со која недвосмислено ја истакнаа потребата да се продолжи со дизајнирање и имплементација на реформи и ефикасни политики за младинско вработување, преку пристап кој ќе се заснова на широко партнерство помеѓу сите институции и останати засегнати страни.

Со Декларацијата министрите прифатија сите земји од регионот да отпочнат со подготовки и имплементација на Гаранцијата за млади, по примерот и моделот развиен во Европската унија и да ја стават оваа иницијатива високо на своите политички агенди, обезбедувајќи ги потребните човечки и финансиски ресурси за таа цел.

Министерката Шахпаска на крајот на Вториот министерски состанок порача дека е цврсто уверена во успешноста на оваа рамка за соработка, која се утврдува со прифаќањето на Декларацијата. На овој начин, оцени таа, земјите од регионот ќе имаат можност меѓу себе, како и со Европската Унија и останатите релевантни меѓународни партнери, да разменуваат и споделуваат знаење, искуства и експертиза, со цел да постигнат подобри резултати и да ја унапредат состојбата на младите во регионот.

Next Post

Англичаните бараат нов национален празник ако ја освојат титулата на ЕУРО2020

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk