Засега нема одлука за рестриктивни мерки на границите, рече министерот за здравство Венко Филипче. Тој додаде дека на Комисијата за заразни болести ќе се разговара за тоа, евентуално дали нешто треба да се препорача за критериуми за влез на границите иако, како што потенцираше, гледаме дека многу земји во регионот иако имаат некакви рестриктивни мерки, како Грција на пример, има пораст на случаите. Дополна дека вакцинацијата на децата против Ковид-19 нема да биде задолжителна.
Надлежните министри од Северна Македонија и Грција, утре во Атина ќе го потпишат договорот за развој на интерконекцијата за природен гас меѓу двете земји. Премиерот Зоран Заев денеска и утре учествува на конференцијата на „Економист“ во Атина и ја предводи нашата делегација, во која е и министерот за економија Крешник Бектеши, кој заедно со министерот за животна средина и енергија на Грција Костас Скрекас, утре ќе го потпишат договорот.
Владата го прифати и призна регистарот на веб портали изработен од медиумски заедници во процесот на саморегулација како валиден. Листата од стотина портали кои беа препознаени како професионални, беше листата на која им беше дозволено да ги следи во живо прес-конференциите за време на пандемијата, кажа националниот координатор за комуникации, Марјан Забрчанец на регионалната конференција против дезинформации на Регионалниот совет за соработка.
Синдикалната минимална кошница за јуни годинава изнесува 34.212 денари. Од елементите што ја сочинуваат синдикалната кошница, за јуни, како што соопшти Сојузот на синдикати, на исхрана и пијалоци отпаѓаат 14.547,96 денари, на домување 10.800,18 денари, на хигиена 2.378,03 денари, на превоз 2.508,84 денари, на облека и обувки 2.176,2 денари, на култура 1.067,86 денари, а на одржување здравје 732,80 денари.
На денешен ден, пред седум години (8 јули 2014 година), среде светско фудбалско првенство, го промовиравме извештајот „Избори 2014: Дисквалификувана демократија“. Овој извештај и самата промоција, благодарение на креативните идеи на Сашо Орданоски и илустрациите на Игор Стевковски – Стевац, беше еден од, за мене, најинтересните промотивни настани на ЦИВИЛ. Тие денови се навршија осум години од доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт (по изборите во јуни 2006 година), пишува ЏАБИР ДЕРАЛА.
М. Миткоска