ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Република Северна Македонија се приклучи во кампањата на ОН „Сино срце“

July 8, 2021 18:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Како земја-членка, потписничка на Протоколот на Обединетите Нации за спречување, потиснување и казнување на трговија со луѓе, особено со жени и деца, нашата држава континуирано се залага за зајакнување на капацитетите, наоѓање модуси, разменување искуства преку учество во меѓународни форуми со цел да се постигнат ефективни резултати во борбата против трговија со луѓе. Срцето обоено во сината боја – како обележје на Организацијата на Обединети Нации – овој пат испраќа порака на солидарност и свесност за  последиците од трговијата со луѓе кои го нагризуваат општеството.

Ова денеска го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на состанокот на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција.
Состанокот, како што соопшти МВР, го отвори државната секретарка при МВР Магдалена Несторовска во својство на национална координаторка и Бил Вуд, раководител на Програмската канцеларија на УНОДЦ во Северна Македонија и регионален советник за сериозен и организиран криминал за ЈИЕ.
-Кампањата „Сино срце“ се стреми кон подигнување на свеста за проблемите и страдањата на жртвите на трговија со луѓе и нѐ потсетува на ладнокрвноста на оние кои учествуваат во овие криминални дејствија. Со приклучување кон оваа кампања ја изразуваме нашата посветеност во борбата против ова злосторство кое го подрива човечкото достоинство. Приклучувањето кон оваа глобална кампања за нашата земја ќе претставува уште една можност за вклучување во глобалните текови на превенција, јакнење на свеста, вмрежување, размена на искуства, заеднички активности со другите држави, со цел сите обединети да се спротивставиме на трговијата со луѓе, рече Спасовски.

Остануваме на патот, како што нагласи, да креираме политики, да бараме нови начини да бидеме поуспешни, да дејствуваме, повторно со една цел – да бидеме поефективни во идентификувањето на жртвите, гонењето на сторителите и обезбедување подобра помош и заштита.

Вуд ја претстави кампањата „Сино срце“, која е поддржана од 33 земји во светот и истакна дека Северна Македонија е втора земја од регионот, по Србија, која се вклучува во кампањата за подигнување на свесноста за жртвите на трговија со луѓе.

Преку оваа кампања се обезбедуваат средства од Доброволниот фонд на ОН за жртви од трговија со луѓе, особено жени и деца, кој беше воспоставен во август 2010 година за да се даде можност на претставници од различни сектори (владини, граѓански, меѓународни организации и сл.) да соработуваат и да им помогнат на жртвите на трговија со луѓе на опиплив начин, преку обезбедување хуманитарна, правна и финансиска помош на жртвите.
Вуд, како што се наведува, упати апел до сите присутни да изразат поддршка за кампањата „Сино срце“ преку зголемување на видливоста на кампањата на различни начини, преку користење на хаштагот: #EndHumanTrafficking или #AQUIESTOY на социјалните медиуми. Вуд изрази благодарност за подготвеноста и изразената волја на Северна Македонија за придружување кон кампањата и интензивирање на активностите за борба против овој вид криминал. 
извор: МИА
Next Post

Експертите за БРТ - Скопје ќе добие брз, практичен и еколошки превоз

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk