ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Попладневен преглед: Потпишан договорот за изградба на интерконектор за природен гас, покрај кривичната, одсега ќе се води и финансиска истрага, ВМРО-ДПМНЕ повторно блокира закони

July 9, 2021 17:57
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Договор меѓу владите на Северна Македонија и Грција за изградба на интерконекторот за природен гас беше потпишан од страна на министерот за економија на земјава Крешник Бектеши и грчкиот министер за животна средина и енергија, Костас Скрекас денеска во Атина. Станува збор за проект вреден околу 100 милиони евра, од кои 54 милиони евра се во Северна Македонија. Бектеши истакна дека интерконекторот ќе придонесе за диверзификација во снабдувањето, а ќе ѝ даде можност на Северна Македонија да ги снабди и со природен гас и северните соседи.

Клучен приоритет за полицијата е да се вратат активно финансиските истраги, потврди во гостувањето на „Утрински брифинг“, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Тој откри дека поради неводењето на финансиски истраги, од 1991 година па се до 2017 година се реализирано единствено три конфискации на имот. Веќе се направени тимови кои паралелно работат на финансиска истрага и покрај кривичната истрага. Ако се нудат милионски суми за кауции, тоа е доволен мотив за финансика истрага.  Не само што ќе се истражат тие понудени пари, туку уверен сум дека луѓето што ги нудат тие пари имаат многу повеќе средства стекнати на нелегален начин, освен овие што ги имаат понудено за кауција, вели Спасовски.

Собраниската Комисија за европски прашања денеска ја прекина седницата на која требаше да бидат разгледани во второ читање пакетот закони од областа на управување со отпад. ВМРО-ДПМНЕ повторно блокира закони… Како што појаснуваат од ВМРО-ДПМНЕ, тоа е направерно согласно барањата на здруженијата на граѓани и Иницијативата О2, со образложение дека прво е потребна широка јавна дискусија на овие теми, а потоа изјаснување во Собранието.

Министерството за правда ги демантира информациите дека набавило кафемат во вредност од над еден милион евра. Станува збор за грешка на веб-страницата на Бирото за јавни набавки, кое по реакција на Министерството е коригирана, велат од Министерството.

М. Миткоска

Next Post

Николовски на средба со антикорупциските институции: Реализацијата на Планот за борба против корупција е во напредна фаза

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk