ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home БРОЈКИ

5,7 милиони евра е поддршката која ФИТР ќе ја даде на 103 компании кои ќе инвестираат во технолошки развој

July 10, 2021 11:48
in TECH FRONT, БРОЈКИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вкупно 103 компании од пристигнатите 700 апликации ќе бидат кофинансиски поддржани од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) за да ги реализираат своите идеи за технолошки развој за забрзан економски раст.

Поддршката од ФИТР е 5,7 милиони евра, додека компаниите ќе вложат сопствени средства во вкупна вредност од 5,3 милиони евра.

Компаниите кои влегоа во финалната селекција имаат 2.049 вработени лица. Најголем дел или 69 се мали компании, 21 се микро и 13 се средни компании. Само 22 се компании кои и претходно користеле средства од ФИТР, а останатите за првпат аплицирале. Солиден процент, речиси 30 компании, се старт ап односно млади компании. Доминираат компаниите од Скопскиот регион, но има компании и од сите други региони. Најмногу од проектите се од технолошката индустрија, здравството и

– Сите останати региони имаат забележан пораст во овој повик, особено забележителен е пораст на Полошкиот, Југоисточниот и Североисточниот регион. Преку овој повик поддржавме 16 индустрии и за првпат ИКТ индустријата не е на прво место. Најголема застапеност имаат проектите од технолошката индустрија, градежништвото, здравството, земјоделие, истакна директорот на ФИТР Коста Петров на денешната прес-конференција во Владата.

Според вицепремиерот задолжен за економски прашања, економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, рекордниот број на апликации пристигнати на јавниот повик покажува дека во земјава има голем број на претприемачи кои благодарение на ваквите инструменти чувствуваат храброст и смелост да создадат проекти и тоа да го преточат во реалност.

– Тоа значи дека допрва доаѓа времето во кое иновативните идеи и идеите да се инвестира во сопствени технолошки развој ќе го менуваат и развиваат нашиот пазар и бизнис сектор, рече Битиќи.

Селектираните компании, како што посочи Битиќи, годинава ќе добијат поддршка од 5,7 милиони евра што е драстично зголемување во однос на лани.

– Тоа ја докажува нашата иницијатива и цел, а тоа е вистинска поддршка за домашните компании бидејќи Владата силно верува во потенцијалот и можностите на домашното стопанство. ФИТР го претворивме во вистински дом за сите микро, мали и средни компании, а во нивното портфолио за само четири години со овие денес веќе имаме 644 субјекти кои реализираа, реализираат или ќе започнат со реализација со проекти во вкупна вредност над 85 милиони евра, истакна вицепремиерот Битиќи.

Повикот беше отворен 60 дена, а пристигнаа 700 апликации. За одбиените апликации, ФИТР нуди менторска поддршка со цел проектите да се подобрат и да може компаниите повторно да аплицираат.

извор: МИА

Next Post

Пладневен преглед: Имаме голема поддршка од сојузниците, торакални хирурзи ќе се учат да трансплантираат бели дробови, ситуацијата со Ковид-19 е стабилна

НАЈНОВО

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
МИА

Даме Димитровски избран за претседател на Советот на Град Скопје

November 7, 2025
МИА

Ѓорѓиевски: Со Градскиот воз, БРТ системот и ЈСП скопјани конечно ќе добијат ефикасен јавен транспорт

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО и ФОТО) Спектакуларно започна ПР претставата „72 часа чисто Скопје“, во присуство на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk