ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home БРОЈКИ

9,6 милиони евра за поддршка на земјоделството преку ИПАРД 2, поддршката за аграрот продолжува

July 10, 2021 20:20
in БРОЈКИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

СДСМ продолжува со конкретна помош на земјоделците и земјоделството како клучна стопанска гранка во нашата држава, истакна Гоце Георгиевски, претседател на комисијата за земјоделие, шумарство и водостопанство на СДСМ.

Отворен е нов повик од Програмата ИПАРД 2, односно јавен повик за мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ со што во наредниот период на микро и малите претпријатија на располагање им се 9,6 милиони евра за реализација на инвестиции во повеќе сектори.

Главна цел на оваа мерка е поттикнување на вработувањата и зголемување на економската активност во руралните средини, преку развој и промоција на руралниот туризам, зачувување и развивање на занаетчиските активности и мотивирање на руралното претприемништво.

Како корисници на мерка 7 прифатливи се и физичките и правните лица кои спаѓаат во рангот на микро и мали претпријатија.

Висината на финансиската поддршка се движи од 1.500 до 1.000.000 евра, а повратот на инвестициите е во висина до 65% од вкупните прифатливи трошоци.

Приоритетни сектори кои се поддржани од оваа мерка се инвестициите во алтернативното земјоделско производство, инвестиции во производство на прехранбени и не-прехрамбени производи, инвестиции во занаетчиските дејности, инвестиции во услуги за руралното население и инвестициите во руралниот туризам.

Вкупниот буџет за оваа мерка е 9,6 милиони евра, од кои 75 отсто од средствата се обезедени од ЕУ фондови, а 25 отсто е национално, државно ко-финансирање. Повикот трае до 22 август, а сите детали се објавени на веб страницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Со реализацијата на овој јавен повик, целосно ќе ги искористиме средствата кои ни се располагање од ИПАРД 2 програмата, со што како држава ќе останеме на лидерското место меѓу земјите од Западен Балкан во искористливост на средствата од ИПАРД.

Средствата од овој повик, но и од целата ИПАРД 2 програма имаат силно, позитивно влијание врз развојот на постојните, но и отварањето на нови мали и микро претпријатија кои се главните двигатели на домашната економија.

 

Next Post

Вечерен преглед: Уништени над 200 килограми небезбедна храна од страна на АХВ, како се губи идентитетот, расте неизвесноста за утрешните избори во Бугарија

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk