ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Се работи на измените, но нема датум од кога ќе биде забранет увозот на возила со под ЕУРО 5 стандарди

July 10, 2021 16:17
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за економија во моментов ја изработува анализата која ќе треба да ги даде податоците за промена на Правилниците за зголемување на стандардите за увоз на возила од странство, односно да се укине увозот на половни возила во земјава со под ЕУРО 4 стандардот, информираат за „Мета.мк“ од ова министерство.

И покрај ова, од Министерството за економија немаат конкретен датум од кога би започнала забраната за увоз на стари возила со под ЕУРО 5 стандарди во земјава. Инаку, министерот за економија Крешник Бектеши во јануари годинава вети дека годинава ќе се забрани увозот на половни возила од странство со под ЕУРО 5 стандард на емисии на издувни гасови.

„Откако ќе биде изработена анализата и согласно податоците ќе се пристапи кон промена на Правилниците“, одговараат накратко од Министерството за економија.

И од Владата на РСМ за „Мета.мк“ накратко потврдуваат дека се работи на законските измени, со кои ќе се зголеми стандардот за увоз на половни возила во земјава. Од извршната власт ги потврдуваат статистичките податоци, кои покажуваат дека просечната старост на возниот парк не само што не се намалува во земјава, туку продолжува да расте.

„И покрај дозволениот увоз на половни возила кој имаше за цел да се обнови возниот парк, тоа не се случи, односно дури има зголемување на просечната старост од околу 15 години во 2005 на над 19 години во 2019 година. Она што исто загрижува што речиси сите возила кои се увезени се дизел возила што придонесе за зголемување на потрошувачката на дизелот“, велат од Владата на РСМ.

За да се заузда уделот на транспортот во аерозагадувањето, но и во делот на емисиите на стакленички гасови во атмосферата, извршната власт веќе ја претстави пред јавноста замислата за воведување на еколошка такса во износ до 3,5 денари по литар за горивата. Притоа, оваа такса нема да биде воведена за плинот, којшто државата секоја година и го субвенционира со средствата што ги доделува на граѓаните за вградување на плински уреди и уреди на метан. Целта на властите е јасна, да се примени и во земјава принципот „загадувачот плаќа“, односно оние возила и граѓани коишто придонесуваат најмногу за загадување на воздухот.

Податоците на Царинската управа на РСМ за минатата година покажуваат дека во земјава биле увезени 29.052 автомобили, од кои дури 82,2 отсто од нив биле половни.

Next Post

Кокаин, марихуана и семки канабис пронајдени во Струга

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk