ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Вонредни контроли во Охрид, Струга и Дојран, уништени над 200 килограми небезбедна храна

July 10, 2021 13:32
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство во изминатите три дена, спроведоа вонредни контроли во Охридско – струшкиот регион и во Дојран, при што опфатени биле 89 оператори со храна и уништени се над 200 килограми небезбедна храна.

Спроведени се контроли во хотели, ресторани, пицерии, слаткарници, бурекчилници, пекарници, сендвичарници, ќебапчилници, кафе барови, маркети и други објекти, каде има зголемена фреквенција на туристи, а зајакнати контроли се спроведуваат и во малопродажните објекти во сите населени места.

– За утврдените неусогласености ( најдена храна со поминат рок, лоши хигиено-технички услови,  нерегистрирани оператори со храна во Агенцијата за храна и ветеринарство и др.), издадени се 15 наредби за отстранување на утврдените недоследности, изречени се две забрани за вршење на дејност, 22 мерки едукација на операторите, а изречени се и и 14 парични кзни. Како небезбедни, од страна на инспекциксите служби на Агенцијата, уништени се 203 килограми храна, информираат од АХВ.

Со спроведените вонредни инспекциски контроли на дваесеттина оператори со храна во Дојран, кај пет од контролираните оператори евидентирани се отстапувања во однос на HACCP плановите, отсуство или несоодветно означување на храната, особено на алергените и други неусогласености од помал обем.

– Изречени се четири мерки за отстранување на утврдените неусогласености, 4 мерки едукација и 2 парични казни. Како небезбедни, во Дојран уништени се само 5,6 килограми храна, се вели во соопштението од АХВ.

Од АХВ, апелираат до граѓаните храна да купуваат од одобрени и регистрирани објекти кои ги имаат имплементирано безбедносните системи, а како потрошувачи да внимаваат и на означувањето на производите и каде и како истите се чуваат. Истовремено, ги охрабруваат граѓаните секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната да ја пријават на бесплатната телефонска линија за потрошувачите на Агенцијата за храна и ветеринарство 0800 3 22 22, но и лично, или на електронската пошта info@fva.gov.mk.

Со засилените контроли, чија цел е спречување на евентуални труења и инфекции од храна, кои лесно можат да се случат како последица на високите температури, од АХВ најавуваат дека во наредниот период опфатени ќе бидат и останатите туристички центри во земјава, вклучително и планинските.

извор: МИА

Next Post

Од попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk