ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Фабриката за отпад во Неготино ќе биде од затворен систем и ќе придонесе за трајно санирање на дивите депонии

July 10, 2021 20:03
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со изградба на фабрика за создавање енергија од цврст отпад ќе се реши проблемот со загадувањето од нелегалите и дивите депонии, односно тоа подразбира спречување на емисиите на отровите гасови, ќе се запре загадувањето на почвата и подземните води, микробиолошкото загадување и ќе се спречи појавата на неконтролирани пожари во депониите од кои дополнително се загадува воздухот, рече вечерва премиерот Зоран Заев, на јавната трибина во Неготино за инвестицијата за отворање фабрика за обработка на отпад, што треба да биде лоцирана на пет километри од село Дуброво.

-Ќе се обезбеди, како што рече, трајно санирање, остранување на регулираните и дивите депонии (во државата имаме регулирани и диви депонии), односно никаде немаме законски поставени депонии.

Ќе се запре загадувањето кое произлегува од палењето на земјоделските отпад на отворено. Конечно, како во напредните европски земји ќе се создават капацитети за трансформација на отпадот во обновлива енергија и суровини. Инвестиција ќе го потикне економскиот развој со отварање на нови работни места, ангажирање на голем број локални компании и со оваа инвестиција ќе се зголеми можноста за намалување на користењето на фосилни горива, изјави Заев.

Премиерот Заев, истовремено напомена дека станува збор за инселератор кој што после примарната селекција на отпадот (стаклото, хартијата, железото, каменот и сл), се што е органиски отпад останува во него, работи без оџак (затворен систем), по примерот на Љубљана, Лондон и др.

– Нема издувен дел кој што излегува надвор за да има загадување. Целосно затворен систем кој што по дејство на топлина го разложува органскиот отпад и го преработува во три гасни супстанци  кој понатаму ја создават топлинската енергија која како топла вода ја врти турбината и од неа произведува електрична енергија, тоа е целиот систем, нема излез. Најмалку  седум посто останува пепел кој што се употребува во градежништвото, почнувајќи од бекатон плочки, цементирани подлоги, аслфатирање, тампонирање истакна премиерот Заев.

Проектот, како што наведе Заев, е поддржан  од Грин инвестмент од Луксембург и истиот имаат намера да биде изведен на најтранспарентен начин.

Со проектот е предвидена изградба на збирни и претоварни станици и збирни потстаници во 48 општини, набавка на комунални возила за собирање на смет, метални и пластични комунални контејнери, како и асфалтирање на патна делница од пет километри до село Дуброво во Општина Неготино. Во рамки на фабриката постои и посебен дел за уништување на медицинскиот и отпадот од животинско потекло.

-Проектот ги опфаќа петте од вкупно осумте плански региони во државата согласно Стратегијата за  отпад и согласно Рамномерниот регионален  развој. Трајно и комплетно решение со отпадот за 74 проценти од територијата на државата, односно трајно решение за комуналниот отпад на 48 проценти од населението. Директна инвестиција од 13,5 милиони евра за 100 комунални возила, инвестицијата и изградбата на 11 збирни и претоварни станици и дополнителни 11 збирни потстаници е во износ од 9,56 милиони евра, а во 6.000 метални и пластични комунални контејнери е 1,675 милиони евра, рече меѓу останатото Заев.

извор: МИА

Next Post

9,6 милиони евра за поддршка на земјоделството преку ИПАРД 2, поддршката за аграрот продолжува

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk