Активистот Дамир Незири, предупредува на опасноста од делта сојот на Ковид-19 и апелира за вакцинација. Тој вели дека сега откако има вакцини и без закажан термин, нема повеќе изговори.
Незири низ графички приказ прави споредба на смртноста и новите случаи од Ковид-19, во земјите каде што има поголема и помала вакцинација на населението
Неговата фејсбук објава ја пренесуваме изворно:
„Ситуација у која “делта„ сојот активно се шири низ цел свет, а посебно низ Европа, нема поодговорно нешто од тоа чуек да се вакцинира. Освен што се штитиш себе, ги штитиш тија околу тебе, ама и целиот здравствен и општествен систем у државата.
Свите податоци покажуаа дека и покрај тоа што има значително ширење на “делтa“ у земје као Британија и Холандија, ради бројот на вакцинирани људи, хоспитализациете и смртните случаи са далеку, далеку помали од претходните бранои.
(клик за поголема)
За разлика од тамо, у земје со помало ниво на вакцинирани (као Русија) бројот на починати расте паралелно со бројот на новозаразени.
(клик за поголема)
Ако претходно постоеше оправдање зошто некој не би се вакцинирал: “нема вакцине, не ми е дојден редот, има други приоритетни итн…“, тија оправдања не постоја више. Вакцине има, нема потреба од пријавуење и истите са доступни свегде и за свекого.
Ако не сте вакцинирани, или некои од људите што ги знаете не са вакцинирани, одвојте пола саат/саат денојве и идите до најблискиот пункт, завршите работа и терајте го летово со поминрна глава.
Ја, семејството, блиската и подалечната фамилија, свите се вакциниравмо и можем да кажем дека многу полесно се осеќам кој идем да ги посетим, кој ја носим да ја вида Ема, без никаков страв дека може да напраемо беља.“, објави Незири.
Ј. Ѓ.