Министерот за здравство д-р Венко Филипче, денеска го посети вакциналниот пункт во Поликлиниката во Шуто Оризари, и каде граѓаните од оваа општина, од денеска ќе може да се вакцинираат за Ковид 19 без закажан термин.
На покана на Фондацијата Андреас Папандреу во соработка со регионот на Атика и градот Атина, од денеска вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров учествува на меѓународен симпозиум Сими, кој по 23-ти пат се одржува во Грција.
Безрезервната поддршка што Европската Унија и ја дава на Северна Македонија во процесите на развој и интеграција, посветеноста на Владата за понатамошното унапредување на реформските процеси, политиките на дијалог и стратешките цели на државата.
Министерките за култура на Северна Македонија и на Албанија, Ирена Стефоска и Елва Маргарити, денеска во Охрид во име на националните комисии на УНЕСКО потпишаа заедничка изјава со која двете држави се обврзуваат заеднички да работат на отстранување на сите наследени и тековни предизвици, забрзано спроведување прецизни активности за заштита на Охридскиот Регион како светско природно и културно-историско наследство заштитено од УНЕСКО.
Од петок ќе почне вакцинација на деца над 12 години со „Фајзер“, чии родители/старатели од денеска до четврток ќе се пријават на веб-страницата vakcinacija.mk.
Институциите на ЕУ дадоа висока оцена за остварувањето на Народната банка на заедничките заклучоци од минатогодишната Програма за економски реформи. Истовремено, монетарното олабавување остварено од Народната банка во текот на корона-кризата е оценето како соодветно, соопшти денеска Народната банка.