ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Царовска: Со Швајцарската амбасада и проектот Е4Е планираме развој на стручното образование

July 13, 2021 13:28
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за образование и наука заедно со Швајцарската амбасада и со швајцарскиот проект „Образование за вработување во Северна Македонија“(Е4Е@мк) на работилница ги планира активностите за следните пет години за вложување и развој на средното стручно образование во земјава.

Како што соопшти МОН, министерката за образование и наука Мила Царовска на отворањето на работилницата истакна дека концептот на дуалното образование е привлечен за младите затоа што нуди квалитетно образование, а теоретските знаења од училиштето се надградуваат со знаења и вештини што учениците ги стекнуваат на конкретно работно место преку практична работа и за таа цел еден од главните приоритети на МОН е токму унапредувањето на средното стручно образование.

– На овој начин го обезбедуваме кадарот баран од компаниите, но и ја зголемуваме можноста за вработување на младите. Голем наптредок во унапредување на средното стручно образование постигнавме со двете фази од „Учи паметно, работи стручно“, преку кој беше креиран конкурсот за запишување на учениците во средните училишта. Ја постигнавме целта целосно да ги вклучиме компаниите во процесот на стручно образование на средношколците, затоа што само така тие не само што ќе ја научат работата, туку и го почувствуваат нејзиниот ритам во реална средина, во самите компании, рече Царовска.

Таа посочи дека во првата фаза, низ интензивен дијалог со локалните самоуправи, училиштата и бизнис-заедницата, МОН ги утврди потребите од отворање на одредени профили и паралелки во секоја од општините и заинтересираноста на компаниите да ги отворат вратите за практикантите. Во втората фаза, во средните стручни училишта низ државата МОН ги промовираше придобивките и можностите кои ги нуди средното стручно образование за младите, за брзо вработување или за продолжување во високото образованиете.

Министерката додаде дека како резултат на овој дијалог на ниво на држава се оформени 97 паралелки во 46 средни училишта кои заедно со над 200 компании од есен ќе спроведуваат концепт на дуално образование, а компаниите беа наведени во конкурсот за запишување во средните училишта.

-Министерството за образование и наука реализираше и целосно нова политика на стипендирање за новата учебна година. Предвидени се 2000 стипендии во вредност од 3.500 денари месечно  за девет месеци во годината за сите кои ќе се запишат во дуална паралелка. Ова е одличен мотив за средношколците додека учат истовремено да имаат и приход, рече Царовска.

МОН во соопштението наведува дека продолжува со креирање и реализирање процеси кои го унапредуваат средното стручно образование и го доближуваат до релниот сектор.

-Наш приоритет како Министерство за образование и наука е обезбедување квалитетно, но исто така и употребливо знаење, кое ќе им помогне на младите побрзо и поедноставно да го најдат своето место во општеството, соопшти Министерство за образование и наука.

извор: МИА
Next Post

Моет Хенеси и Кампари основаат нова заедничка компанија за е-трговија со вина и алкохолни пијалаци

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk