Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска одржа вонреден тематски работен состанок со амбасадорите акредитирани во земјите членки на ЕУ и институциите поврзани со ЕУ, кој се одржа на самиот почеток на словенечкото претседателство со ЕУ, што, како што соопшти МНР, беше и главна тема на состанокот.
Поголемата вклученост на жените во банкарскиот сектор и воопшто во сите општествени сегменти, носи бројни економски придобивки за целото општество. Истражувањата за централнобанкарската заедница упатуваат дека поголемото учество на жените во телата за одлучување за монетарната политика значи и поголемо ниво на ценовна стабилност.
Агенцијата за финансиска подддршка во земјоделството и руралниот развој денеска го објави повикот за поднесувањеа барања за мерката 131 „ Економско здружување на земјоделските стопанства за вршење земјоделска дејност“. Крајниот рок за аплицирање е 31 јули 2021 година.
Еден од стратешките приоритети за раководството на Министерството за внатрешни работи е создавање на подобри услови за вработените со цел полицијата да прерасне во поквалитетен сервис за граѓаните. За последните 10 месеци реконструиравме 8 објекти, а моментално работиме на дополнителни 7 кои ќе бидат целосно готови до крајот на 2021 година.
Решивме наместо да инвестираме во палми, во непродуктивни споменици кои блештат од корупција, да инвестираме во луѓето и нивните потреби. Покажавме дека може да се градат нови градинки и училишта, да се реновираат болници и да се вложува во оние на кои им е најпотребно.