ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Таргетираната и привремена поддршка за стопанството и ранливите категории продолжува и годинава

July 13, 2021 13:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата преку разни економски мерки во текот на 2021 година ќе ја продолжи таргетираната поддршка за стопанството и за ранливите категории на граѓани, најави денеска министерот за финансии Фатмир Бесими и нагласи дека таргетираната и привремена поддршка е една од препораките произлезени од годишниот дијалог за економски политики на земјите од Западен Балкан и Турција со земјите-членки на ЕУ и Европската централна банка што се одржа вчера.

Препораките од  годишниот дијалог, како што кажа, се во насока да им помогнат на земјите опфатени со проширувањето на ЕУ да го зајакнат економскиот и социјалниот развој.

Бесими денеска на прес-конференција во Владата посочи дека во услови на периодични бранови на пандемија, огромен предизвик за нашата и за економиите од регионот ќе биде да тргнат повторно по патот на закрепнување и раст. 

– Затоа треба да бидеме многу внимателни, да не ја прекинуваме нагло поддршката, туку постепено и насочено. Преку разни економски мерки таа продолжува во текот на 2021 година, со финализирање на претходните и спроведување на нови – две групи насочени кон ублажување на ефектите од пандемијата врз најранливите и поддршка на побрзо закрепнување на домашната економија. Во оваа насока ќе обезбедиме таргетирана привремена фискална поддршка за стопанството и ранливата категорија домаќинства, како една од препораките во делот на заедничките заклучоци, рече Бесими.

Додаде дека во планот за среднорочното буџетирање и во Буџетот за 2022 година ќе биде предвидено постепено враќање на односот меѓу примарниот дефицит и БДП на ниво пред кризата.

Како што нагласи, веќе се работи и на реализација на дел од другите препораки. Дел од нив се новиот закон за јавно-приватно партнерство кој наскоро се очекува да влезе во владина и собраниска процедура, потоа воспоставување на фискален совет и регистар на државна помош, стабилен финансиски сектор, подобрување на транспаретноста при усвојување и спроведување на законите….

Бесими најави дека приоритет ќе се даде и на спроведувањето на Стратегијата за формализирање на неформалната економија, како и на новиот начин на финансирање на средното стручно образование и обуката.

– За ова да го постигнеме ќе развиеме нова формула за финансирање на системот за стручно и за високо образование, со акцент на функционирањето на Регионалните центри за стручно образование. Притоа ќе го зајакнеме пристапот до активните политики за пазарот на труд, особено за нискоквалификувани невработени лица и лица од ранливите категории. Воедно ќе го зајакнеме капацитетот на соработката помеѓу агенциите за вработување и центрите за социјална работа со цел да се обезбедат интегрирани услуги и мерки за подобрување на инклузијата на пазарот на труд, појасни Бесими.

Програмата за економски реформи, која е најважниот стратешки документ во економскиот дијалог со Европската комисија и државите-членки на ЕУ предвидува растот да достигне 5,9 проценти во 2025 година, при што просечниот раст на годишно ниво во периодот 2021-2025 да изнесува 5,3 проценти.

извор: МИА
Next Post

Соработка на Народна банка со Банката на Португалија за хармонизација со статистичките барања на Европскиот систем на централни банки

Shortcut

Најново

Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026
Самит на НАТО во Анкара, 7-8 јули 2026, Марк Руте и Доналд Трамп (фото извор: НАТО)

(НЕДЕЛЕН РАПОРТ) Самит на НАТО, воена ескалација на Блискиот Исток и други клучни настани

July 12, 2026

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk