ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

УНИЦЕФ и УНЕСКО: Повторното отворање на училиштата не смее да чека

July 13, 2021 11:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Повторното отворање на училиштата не смее да чека. Сите училишта треба што поскоро да обезбедат настава со физичко присуство, без бариери за пристап и без да налагаат вакцинација пред да се влезе в училиште. Загубите што ќе ги претрпат децата и младите од неодењето на училиште никогаш нема да бидат надоместени, велат во заедничка изјава  извршниот директор на УНИЦЕФ Хенриета Фор и генералниот директор на УНЕСКО, Одри Азулај.

Училиштата треба последни да се затворат, а први пак да се отворат, порачуваат тие, посочувајќи дека по 18 месеци од почетокот на епидемијата на КОВИД-19, образованието за милиони деца сè уште е нарушено и дека заклучно со денеска, затворени се основни и средни училишта во 19 земји – факт што директно влијае на над 156 милиони ученици.

Првите луѓе на двете организации на ОН потсетуваат дека во напорите да го ограничат ширењето на пандемијата, владите најчесто ги затвораа училиштата и ги држеа затворени подолго време, дури и кога епидемиолошката состојба не го оправдуваше тоа. Ваквите постапки, велат во изјавата, честопати беа прво средство, наместо последна мерка. Во многу случаи училиштата беа затворени, додека баровите и рестораните остануваа отворени.

 –Загубите што ќе ги претрпат децата и младите од неодењето на училиште никогаш нема да бидат надоместени. Почнувајќи од загуба на знаење, преку вознемиреност, изложеност на насилство и злоупотреба, па сè до пропуштени оброци и вакцинации во училиште или намален развој на социјални вештини, последиците по децата ќе се почувствуваат во нивните образовни резултати и општествен ангажман, како и по физичкото и менталното здравје. Често, најпогодени се децата во средини со недоволно средства, кои немаат пристап до алатки за далечинско учење, и најмалите деца кои се наоѓаат во клучните фази на развој, наведуваат во изјавата Фор и Азулај. 

Загубите за родителите и за старателите се подеднакво големи, посочуваат претставниците на УНИЦЕФ и УНЕСКО, затоа што „чувањето на децата дома ги принудува родителите низ светот да ги напуштат работните места, особено во земјите без или со ограничена политика за семејно отсуство“.

 – Токму затоа, повторното отворање на училиштата за настава со физичко присуство не смее да чека. Не смее да се чека случаите да стигнат до нула. Има јасни докази дека основните и средните училишта не се меѓу главните двигатели на ширењето. Во меѓувреме, ризикот од ширење на КОВИД-19 во училиштата може да се контролира со соодветни стратегии за ублажување во повеќето средини. Одлуката за отворање или затворање на училиштата треба да биде врз основа на анализа на ризикот и епидемиолошките согледувања во заедниците каде што се наоѓаат. Повторното отворање на училиштата не смее да чека да се вакцинираат сите наставници и ученици. Со оглед на тоа што општиот недостиг на вакцини ги мачи земјите со низок и среден приход, вакцинирањето на работниците од првите редови и оние во ризик од тешка болест и смрт ќе остане приоритет. Сите училишта треба што поскоро да обезбедат настава со физичко присуство, без бариери за пристап и без да налагаат вакцинација пред да се влезе в училиште, се наведува во заедничката изјава на извршниот директор на УНИЦЕФ и генералниот директор на УНЕСКО.

Пред денешната Средба за глобалното образование, тие ги повикуваат носителите на одлуки и владите да дадат приоритет на безбедно отворање на училиштата за да се избегне генерациска катастрофа.

 –Затворањето на училиштата ја става под залог нашата иднина за нејасни придобивки во сегашноста. Ние мора приоритетите да ги утврдиме подобро. Можеме и мораме безбедно да ги отвориме училиштата, апелираат Хенриета Фор и Одри Азулај во заедничката изјава. 

извор: МИА
Next Post

Пладневен преглед: Стартот на преговорите врвен приоритет за време на словенечкото претседателство, поголема вклученост на жените значи и економски придобивки, подобри услови за работа во МВР

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk