ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Половњакот Апасиев

July 14, 2021 14:39
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Во упатството за употреба за политичката релевантност на Апасиев од Левица, нема да најдете конкретни одговори на ни едно важно прашање. Но, дали навистина е потребен „мануел“ за употреба, за да се види сета негова политичка дисфункционалност?

Ако внимателно се провери и анализира Апасиев, онака како што се проверува на пример половен автомобил од прекупец, ќе забележите дека всушност се работи за ефтино исполирана партиска каросерија, а под хаубата се крие мотор кој е невнимателно исчистен за да се прикријат трагите од протекување на разни гадни општествени масла со кои се бербати крајно десна идеологија камуфлирана како лажна левица. Подвозјето му е прикрпено, со видливи корозии што најверојатно ги влече од детството. Со еден збор, иако сè уште тоа не може да се види на прв поглед однадвор – половњакот Апасиев политички се распаѓа уште непотпркнат. Но, го забележуваме ли тоа навреме?

Го следев на политичкиот пазар за половњаци, уште одамна, уште од „Ленка“. И сум спорел со многумина од „Солидарност“ и пред да се формира Левица, дека прават грешка ако се испазарат и го купат здраво за готово. Ми реплицираа, велејќи – и покрај сите механички мани дека не е опасен, дека е само намерно турурање и кревање бука во прашање за да си одвлече внимание на себе, некаков популистички трик што ти ја знам. Од друга страна, им укажував дека не е само до моторот, ами и при помала брзина не е в џонија човекот како што треба, дека мава крајно десно, дека не помагаат мали поправки и корекции, туку треба генерален ремонт, со менување на базични делови, или едноставно не вреди да се поправа. Но, бадијала, не ме слушаа. Други ме убедуваа дека лесно ќе се продава, дека трулото националистичко подвозје ќе се компензира со моќна пропаганда, дека ќе се оди со најниска цена на пазарот и на тој начин нема шанса да не се закачат купишта незадоволни купци. Што ли не се изнаслушав и изначудив.

А, во суштина, многу е едноставно. Поголемо политичко шовинистчко страшило од Апасиев нема на политичката сцена во Македонија. Тој за да се продаде, не користи трикови, туку експлицитни говори на омраза, не само кон политички противници, туку и кон активисти, новинари и секој кој се осудил да го критикува. Таков недостаток на демократски капацитет кај Апасиев, политичка недокваканост би рекол, не се памети кај нас. Тој ти е типичен десничар националист што узурпира едно име Левица, за да се продаде на политичкиот пазар. Реагира само ако е лично засегнат. Лечи лични фрустрации од позиција на пратеник – напросто се изживува врз сè и врз секој што ќе му застане на патот.

Немојте да се залажувате и убедувате. Ама баш ич не е само популистички трик неговата гнасна реторика, бескрупулозност и невоспитување, другари. Ако баш инсистирате, ваквото негово политичко делување е благо кажано бездната во која се дават сите надежи за некаква поинаква опција која достоинствено би мавнала и парирала на сегашниот политички естаблишмент. Тоа ли се обидувате да ми продадете?

Едно време (веројатно како и многумина) решив да го игнорирам, да не го забележувам на политичкиот плац кога ќе поминував покрај него. Неговите макроа, пак, упорно се обидуваа да им обрнам внимание, кокетирајќи де со ниската цена, де со популарноста на турбо-фолк политичкиот модел, а еден готов е и гол да се соблече на социлајните мрежи само за да ја ќари лајкче од диктаторчето и сопругата му.

Искрено Апасиев не ме интересира како релевантен политички лик, оти не го доживувам така, туку како национал шовинистички феномен, кој за жал, ако се игнорира и остави само на млака реакција, наместо на јавната стихија, и покрај сета вџашеност на здраворазумните расудувачи, тој ќе добива поддршка.

Од друга страна, Апасиев не смее да се игнорира, потценува и третира како политичка смешка со краток рок на употреба. Историјата нè научили дека токму со такво потценување, светот си ги добил најголемите и најкрвавите диктатори и тие фашистички трабанти најчесто се повикувале и задскривале позади реториката: за силата на државата, на моќта на народот и револтот на обесправените.

Како и да е, за тие пари и таа наивност може да добиеме политички половњак нашминкан со националшовинизам, кој се обидува да се продаде како второ возило – трета опција.

Не го купувајте, евтиноста може скапо да нè чини.


Текстот е личен став на авторот. Сите права се заджани

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, во игра се и Ралев и Шукова

July 15, 2025

Времето не работи за нас, потребни се храбри одлуки за ЕУ сега, истакна Филипче

July 15, 2025

Советот на ЕУ не постигна договор за воведување на еден од најстрогите пакет санкции кон Русија

July 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја саботира европската иднина – Македонија сама се блокира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ујдурмата на „Маркет Вижн“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Никола Димитров на Сими Симпозиум: Ако ЕУ остане без вредности, тогаш е ништо!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk