До 2020, поединците, приватниот сектор и државните институции ги засноваат своите активности врз принципите на одржлив развој, а заедниците се поотпорни на катастрофи и еколошки ризици, се вели во заклучоците на Извештајот на Обединетите Нации за Република Северна Македонија во 2020 година.
-Значајни резултати беа постигнати во подготвеноста за катастрофи, преку воведување на различни мерки за намалување на извештаи на земјата коишто произлегуваат од мултилатералните договори за животна средина (климатски промени, биодиверзитет и деградација на земјиштето), намалување на емисиите на стакленички гасови, подобрено управување со заштитените подрачја, промовирање на одржливо земјоделство, намалување на ризиците од катастрофи и справување со загадувањето на воздухот.
Поради пандемијата со КОВИД-19 беа проширени активностите со цел непосреден одговор на кризата, се вели во извештајот.
Според ОН клучните постигања во рамките на резултатот за одржливост на животната средина се однесуваа на стратешка поддршка за создавање поволно опкружување за климатска акција и одржливо управување со природните ресурси.
-Земјата се обврза на постигнување на амбициозната национална цел за намалување до 82% на нето емисијата на стакленички гасови до 2030 гОдина.
Исто така, се обезбеди поддршка во градењето на капацитетите на националните чинители за фазно исфрлање на хидрохлорофлуоројаглеродите и за директен пристап до Зелениот климатски фонд (ЗКГ). ОН ја поддржаа Владата за да се отвори пат за прогласување на новиот национален парк – Шар Планина – преку завршување на студијата за валоризација, како и активирање на трансформациските промени во начинот на кој земјата управува со своите природни ресурси. Во напредна фаза е консолидацијата на 3.000 хектари земјоделско земјиште, овозможувајќи одржливо управување со природните ризици од катастрофи, со фокус на управување со ризик од поплави и одговор на кризата со КОВИД-19, се вели во извештајот.
Д. Е.