Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција од Гази Баба, соопшти дека ќе донесел поевтина струја.
Тоа е истиот оној Мицкоски кој како директор на ЕЛЕМ и советник за енергетика на Никола Груевски беше на власт кога се укина евтината тарифа на струјата, цената на електричната енергија се зголеми за 100 отсто, а државата беше зависна од увоз на скапа електрична енергија.
Јавноста дознава и за спрегата меѓу Мицкоски и неговиот ментор Груевски, кога Мицкоски во време кога е советник на Груевски, во 2015 година, добива државно земјиште од речиси 33 илјади квадратни метри за изградба на хидроцентрала, објавија своевремено преку соопштенија до јавноста од СДСМ.
„Конзорциумот во кој удел има Христијан Хидро Мицкоски од владата на носителот на криминалот Груевски добил согласност за користење вода и закуп на земјиште за изградба на хидроцентрали. Мицкоски и конзорциумот во кој тој има удел, токму во време кога е советник на носителот на криминалот, Никола Груевски, во 2015 година, добива државно земјиште од речиси 33 илјади квадратни метри за изградба на хидроцентрала“, истакнаа од СДСМ.
Подоцна Мицкоски рече дека го продал својот удел и не е повеќе косопственик.
Д. Е.