До 2020, поголем број на жени и мажи имаат можност да ја подобрат својата егзистенција преку обезбедено пристојно и одржливо вработување во поконкурентна економија со многу работни места, се вели во извештајот на Обединетите нации за остварените резултати на Република Северна Македонија во 2020 година.
Собранието попладнево го донесе Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и коридорот 10 Д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија, по скратена постапка.
Правиме уште еден храбар чекор кон подобрување на услугите кои ги добиваат граѓаните. Воведуваме Електронски систем за онлајн поднесување и следење на пријави, информираше денеска преку својот фејсбук профил вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕ) ја поздравува искажаната политичка волја со која се прифати и имплементира решението на РКЕ за намалува Данокот на додадена вредност на електрична енергија за домаќинствата.





