Рокот за достава на документите за продолжување на правото на стипендија е од 1 до 30 септември за учениците и од 1 до 30 октомври за студентите.
Од понеделник почнува вакцинирањето на деца и млади од 12 до 18 години. Според податоците од националниот систем „Мој Термин“ до вчера напладне вкупно 1.623 деца и млади покажале интерес за вакцинирање, информираа за МИА од Министерството за здравство. Во земјава се активни 225 случаи на заразени со Ковид-19, а од вчера во државав е на располагање и најсовремената терапија за лекување од ворусот.
Поголема транспарентност и достапност на податоците за банкарските производи за граѓаните, а со тоа и поголема заштита на потрошувачите, се предвидува со Насоките коишто беа донесени вчера, за содржината, обликот и начинот на објавување на податоците за најрепрезентативните кредитни и депозитни производи на банките и штедилниците за физички лица.
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 446.008 граѓани.
Мицкоски: Пратениците од коалицијата за „Обнова на Македонија“ нема да дозволат граѓаните да плаќаат поевтини горива, без разлика дали е тоа бензин или нафта. Овој „бисер“, Мицкоски го изговори на трибините што ги организира ВМРО-ДПМНЕ за промоција на кампањата „Македонија за сите луѓе“.