ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Еднаква моќ и влијание за жените и мажите – тоа е целта на Шведска

July 17, 2021 16:51
in ДЕНЕС, СВЕТ, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на Шведска се прогласи за феминистичка влада, а земјата има закон против родовата дискриминација.

Шведскиот пристап

Шведска одамна е силен промотор на родовата еднаквост. Главниот шведски принцип е дека секој, без разлика на пол, има право да работи и да се издржува, да балансира кариера и семеен живот и да живее без страв од злоупотреба или насилство. Родовата еднаквост не подразбира само еднаква дистрибуција помеѓу мажите и жените во сите домени на општеството. Станува збор и за квалитативните аспекти, осигурувајќи дека знаењето и искуството на мажите и жените се користат за промовирање на напредок во сите аспекти на општеството.

Враќање на зборот на Ф

Сегашната шведска влада се прогласи за феминистичка влада, посветена на феминистичката надворешна политика. Идејата беше исполнета и со пофалби и со критики, домашни и меѓународни, и за зборот феминизам и за тоа што се залага се расправа во Шведска. Користејќи го „зборот  на Ф“, владата има за цел да нагласи дека родовата еднаквост е од витално значење за општеството и дека треба да се стори повеќе за да се постигне тоа. Затоа, не случајно 11 од 22 министри во Владата се жени. Одреден напредок е постигнат откако Карин Кок стана прва жена во шведската влада во 1947 година. Скоро половина од членовите на сегашниот парламент во Шведска се исто така жени.

Економска еднаквост

Со текот на времето, Шведска значително ја зголеми економската еднаквост помеѓу жените и мажите. Сепак, останува јаз во платите. Ова е еден од предизвиците на шведската агенда за родова еднаквост. Зошто нема еднаква плата? Во 2020 година, просечните месечни плати на жените во Шведска беа 90,2 проценти од мажите или 95,6 проценти кога беа земени предвид разликите во изборот на професија и сектор. Јазот во платите меѓу мажите и жените може делумно да се објасни со разлики во професијата, секторот, положбата, работното искуство и возраста. Но, се чини дека некои од нив имаат повеќе врска со полот. Законот за дискриминација наведува дека работодавачите и вработените треба да работат активно за еднаква плата за еднаква работа, како и да промовираат еднакви можности на жените и мажите да добијат покачување на платата.

подготвил: Миткоска Марија

 

Next Post

Нови проблеми во американскиот „Дрим тим“, без Кевин Лав на ОИ во Токио

НАЈНОВО

Разговор на двајца аналфабети од градски политики

October 29, 2025

​Укинувањето на санкциите за Додик дел од договорот за повлекување од претседателската функција?

October 29, 2025

Касами со поддршка за кандидатот за градоначалник на Струга, Менди Ќура

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk