Американскиот претседател, Џо Бајден, деновиве ја прими во официјална посета на Соединетите Американски Држави германската канцеларка, Ангела Меркел. Оваа средба на челниците на најмоќните држави од двата континента, испрати порака за сојузништво и обединетост во заложбите за демократските вредности и најверојатно е последна средба на Бајден и Меркел во својство на државници, по нејзиното долго најавувано повлекување од лидерските позиции во политиката, попарламентарните избори во Германија избори оваа есен.
СДСМ, како водечка партија во државата, постојано е со граѓаните, заедно креира храбри мерки и политики што водат кон напредок. Започнува нова фаза на интензивни теренски активности, СДСМ оди од врата на врата, пред домовите на нашите сограѓани.
Васил Буралиев е автор на интернет проектот Музички регистар, кој ова свое патување го има почнато со една цел – да стави акцент на македонското музичко творештво. Доколку внимателно се разгледа Музичкиот регистар, ќе забележиме дека во него може да се најде голем дел од македонското музичко творештво.
Не е хоспотализирано ниту едно од 13-те лица кои пријавиле какви било тегоби или последици од случајот со ударот на гром што се случи денеска попладне кај Охридското Езеро. Директорот на Општа болница Охрид Горан Балевски за МИА изјави дека непотребно се прави паника кај населението затоа што кај сите кои се пријавиле за интервенција во болницата не се констатирани никакви телесни повреди, освен кај четири лица кои имале лесни изгореници.