ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Со здружени сили против дезинформациите

July 18, 2021 18:10
in ZOOM IN, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот претседател, Џо Бајден, деновиве ја прими во официјална посета на Соединетите Американски Држави германската канцеларка, Ангела Меркел. Оваа средба на челниците на најмоќните држави од двата континента, испрати порака за сојузништво и обединетост во заложбите за демократските вредности и најверојатно е последна средба на Бајден и Меркел во својство на државници, по нејзиното долго најавувано повлекување од лидерските позиции во политиката, попарламентарните избори во Германија избори оваа есен.

Меѓутоа, она по што е особено актуелен овој период американскиот претседател, се и неговите изјави во однос на опасностите кои со себе ги носат дезинформациите. Имунизацијата на населението, како најпосакуван начин за справување со тековната пандемија, носи предизвици како за помалите земји, така и за поголемите. Американскиот претседател, упатувајќи порака до американските граѓани за продолжување со вакцинацијата, недвосмислено изрази и разочарување од големиот број на дезинформации кои се лиферуваат низ медиумите, но најмногу на социјалните мрежи. Граѓаните се буквално бомбардирани од нецелосни и невистинити информации, а Бајден оправдано вели дека „социјалните мрежи убиваат луѓе со дезинформации за вакцините“.

Белата куќа упати повик до големите оператори и компаниите кои ги водат социјалните мрежи, во кој се укажува на потребата од зголемена посветеност кон сузбивање на лажните вести за вакцините на овие мрежи, а особено во пресрет на експанзијата на варијантата Делта на корона вирусот. Токму спречувањето на разорното дејство на дезинформациите, кои ја дестимулираат имунизацијата на населението, останува да биде во фокусот на Бајденовата администрација.

Ќе се сложиме со важноста на ова, а секако, ситуацијата околу темава не е ни малку розова ниту во Северна Македонија. Континуираната борба против дезинформациите, лажните вести, но и манипулацијата со граѓаните преку алатките кои ги користат дезинформаторите, продолжува да биде еден од приоритетите на владата, како и на граѓанското општество и професионалните медиуми.

Тоа што го истакнуваат светските лидери, како и релевантните претставници на овдешните власти, медиумите и граѓанските организации е токму потребата од здружување на силите во борбата со дезинформациите.

Иван Дургутов

Next Post
Васил Буралиев, Мизички регистар (фото: О. Бошњаковски / Фронтлајн)

(ВИДЕО) Васил Буралиев: Акцент на македонското музичко творештво

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk