ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Нови дезинформации во однос на воведувањето на сексуално образование на социјалните мрежи, денес почнува вакцинацијата на деца, од септември првооделенците ќе учат од поинтересни учебници

July 19, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Во државава од денеска ќе почне вакцинирањето со „Фајзер“ на децата од 12 до 17  години чии родители/старатели се пријавиле на сајтот vakcinacija.mk, а според последните податоци од Министерството за здравство, пријавени се околу 1800 деца. Паралелно продолжува и имунизацијата на возрасното население.

Собраниската Комисија за труд и социјална политика денеска треба да расправа за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи во прво читање, со којшто се определува недела како ден на неделен одмор за сите, со одредени исклучоци кај работодавачи во дејностите каде работниот процес не дозволува да се направи прекин на работниот процес.

Од септември првоодделенците ќе учат по нова наставна програма за што привршува подготовката на материјалите за учење. За предметот природни науки во тек е печатење на  нов материјал на чија изработка работеа авторките: Билјана Лазареска, Биљана Стојановска, Соња Кирковска, и Нела Слезенкова Никовска. Првоодделенците ќе учат од интересен и шаренолик учебник полн со експерименти.

Нови дезинформации во однос на воведувањето на сексуално образование во образовниот процес денеска се проширија на Фејсбук и станаа вирални, односно веќе достигнаа до огромен број луѓе. Постот со илустрацијата како двајца водат љубов првично е објавен на нејзиниот личен профил на Фејсбук, а потоа и споделен во групата на иницијативата во која членуваат речиси осумдесет илјади родители. Во моментот на пишување на текстот, постот броеше околу 400 допаѓања и над 100 коментари во кои се искажува одвратност кон илустрацијата, како и навреди и невкусни зборови.

Шахпаска во утринската програма на Македонската телевизија, рече дека со јавниот повик кое МТСП го објави минатата година, во 24 општини низ државава се реализираат 19 проекти. Од нив  16 проекти се врз основа на претходно мапирање на потребите во локалната средина во секоја општина. Проектите се наменети за помош и нега за стари лица во домот, и на лица во дневните центри. Проектот во општините Липково и Делчево е за поддршка и рехабилитација на деца со попреченост. Станува збор за три различни проекти за рехабилитација и  реинтеграција на лица со попреченост во локалната средина.

М. Миткоска

Next Post

Комиисјата за заразни болести во моментов останува на досега прeпорачаните мерки

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk