ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Укината дополнителната акциза на дизелот, денеска нема починати од КОВИД-19, продолжува теренската вакцинација

July 19, 2021 18:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Сe укинува дополнителната акциза на дизел горивото со што граѓаните ќе плаќаат два денари пониска цена. Целта е да се заштити стандардот на граѓаните преку утврдена варијабилна акциза која зависи од цената на светската берза.

Цените на бензините и на екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ се зголемуваат за половина денар по литар, додека дизелот поевтинува за два денара по литар.

Владата ги донесе измените и дополнувањата на Законот за финансиска поддршка на инвестициите. Со измените на овој Закон ќе се олеснат условите за 245 компании кои имаат активни договори, а особено за потенцијално новите компании, кои инвестирале во 2020 година или ќе инвестираат во 2021 година.

Во последните 24 часа се направени 1.973 тестирања, а регистрирани се 9 нови случаи на КОВИД-19. Нема починати.

Министерството за здравство ги објави населените места на кои утре, вторник 20 јули 2021 година ќе се одвива теренската вакцинација.

По големиот број реакции на социјалните мрежи и во јавноста околу изградбата на нов кружен тек на булеварот „Ленинова“, Општина Струмица денеска излезе со објаснување за потребата од изградбата на такво сообраќајно решение.

Христијан Мицкоски загубен во своите деструкции и блокади, немајќи ништо друго да им понуди на граѓаните, реши да копира концепти и политики од СДСМ, истакна пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов на денешната прес-конференција.

Општина Карпош е првата општина во која започна реализацијата на Проектот за подобрување на социјалните услуги. Со Проектот 20 негуватели ќе се грижат за 60 лица над 65 години на која им е потребна во одржување на личната хигиена и во домот и обезбедување на потребни намирници, до 80 часа месечно.

Комисијата за заразни болести, на денешниот состанок ја разгледуваше епидемилошката состојба во државата. Нема нови рестрикции. Лесно зголемување на позитивни од тестирани за Ковид 19 има во Скопје и Тетово.

Сите финансиски услуги ќе можат да се извршуваат на сите 300 шалтерите на Пошта низ целата држава до крајот на месецов, најави денеска генералниот директор на АД „Пошта на Северна Македонија“, Јани Макрадули.

Рома воведе модерни технологии во процесот на Главниот тренер на тимот, Жозе Мурињо, користи дронови и голем екран за време на обуката.

Во паркот под светилки (новиот зелен сквер во близина на слаткарницата „Палма“) во Аеродром, Скопје, утре, 20.7.2021 година (вторник), од 21:00 до 22:00 часот ќе се одржи мини-концерт на гудачкото трио „Тринити стрингс“.

Ј. Ѓ.

Next Post

Што значи падот на руското „сајбер зло“?

НАЈНОВО

Фото: Фронтлајн

Прекинато водоснабдување во дел од Шуто Оризари

November 7, 2025
МИА

Ѓорѓиевски: Од понеделник 55 приватни автобуси ќе го засилат јавниот превоз во Скопје

November 7, 2025
ВИ

ЕУ планира да испрати воени инструктори во Украина по завршувањето на војната, како дел од безбедносните гаранции

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО и ФОТО) Спектакуларно започна ПР претставата „72 часа чисто Скопје“, во присуство на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk