ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ХОТАМ: Исполнетоста на хотелските капацитети во само еден месец нема да не извади од кризата

July 20, 2021 14:09
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Хотелските капацитети на охридско-струшката ривиера се исполнети повеќе од половина. Максимална исполнетост од 80 – 90 проценти хотелиерите очекуваат околу Илинден, период во кој пред пандемијата се бараше кревет повеќе.

Претседателот на Асоцијацијата на хотелиери – ХОТАМ Крсте Блажески очекува во текот на идниот месец, исполнетоста да биде и над 70 отсто, но тоа, вели, нема да ги извади од кризата во која се наоѓа секторот.

– На Охридскиот аеродром вчера слета првиот авион од „Птуј“. Но тоа ќе бидат само еден или два чартер летови неделно, во зависност од побарувачката и е мала помош, инекција во исполнување на сместувачките капацитети. Пред пандемијата овој период имавме пет-шест чартер летови неделно од холанѓани, па и од други држави, кога хотелите беа значително исполнети. Во текот на идниот месец очекуваме исполнетоста да биде над 70 проценти, но тоа не не вади од кризата. Ако погледнеме статистика за првите шест месеци од годината кога немаме ништо овој месец нема да не извади, туку малку ќе ублажи, смета Блажески.

Дополнителен удар, според него, е барањето на некои земји членки од Европската унија, по претстој во одредени држави, задолжителен карантин.

Првиот човек на хотелиерите не очекува значајни ефекти ниту од ваучерите за домашен туризам, кои ги дава Владата.

– Државата дава 250.000 евра за ваучери за домашен туризам, за кои беа потребни многу документи. Сооглед на тоа мислам дека нема ни пола да се искористени и ефектот од сето тоа нема да биде постигнат, рече Блажески.

За развој на туризмот, смета дека потребна е стратегија, која треба сега да почне да се изработува за идната година.

– Потребен е комплетен план за крајбрежјето. Се додека не се донесе тој план да се знае што може да се стави на едно место ќе нема развој и ќе има направи па сруши. Кога ќе се реши тоа, ќе знаеме во кој дел каде може да градиме, дали сме за масовен или за елитен туризам и слично. Но ова што го зборуваме не значи дека треба да дојде мај или јуни за да ги решаваме проблемие. Ова треба сега на терен да се види се што прави и да се почне нова стратегија за 2022, а не да чекаме да дојде јуни и тогаш да се сликаме како реагираме на терен, а во реалност нема ништо, изјави Блажески за МИА.

Тој вели дека ниту попустите од 10 и 20 отсто за сместување за српските туристи не дале ефекти.

– Интересот е многу слаб. Причина за тоа е инфраструктурата. Потребни се три часа да стигнат од Скопје до Охрид, за тоа време ќе стигнат во Грција. До таму имаат и бесплатна патарина, а до Охрид или Струга треба да ја платат. Не размислени потези се направија во однос на туризмот, додаде претседателот на ХОТАМ кој како пропуст го смета и решавањето на проблемот со плажите пред стартот на туристичката сезона, проблем кој, според него, требало да се реши многу порано.

извор: МИА
Next Post

Охридска и Шпаркасе и официјално се интегрираа во Шпаркасе банка – Македонија

Shortcut

Најново

Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

July 30, 2026

Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

July 30, 2026

СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

July 29, 2026

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала

    Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk