ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

На Ортопедија при ТОАРИЛУЦ пуштено во функција целосно опремено реновирано крило

July 20, 2021 11:29
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

 На Клиниката за ортопедија на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) пуштено е во функција целосно опремено реновирано крило, со болнички капацитети, санитарни чворови, простории за болнички пациенти. Увид во реновираното крило денеска направија премиерот Зоран Заев придружуван од министерот за здравство Венко Филипче.

Заев изјави дека одбележуваат уште еден успех во серијата остварувања за подобар јавен здравствен систем во земјава првенствено во интерес на граѓаните заради грижата за нивното здравје, и заради докторите, професорите и други здравствени работници.

– Во изминатиот период додека целиот наш здравствен систем беше ставен во првата линија на борбата против пандемијата со Ковид-19 не престана и грижата за обновата на болничката инфраструктура и за опремување на нашите здравствени капацитети со најдобрата и најсовремена опрема за врвни здравствени услуги за нашите граѓани. После 40 години блокот А на Клиниката за ортопедија при ТОАРИЛУЦ ќе продолжи да ги прима пациентите во реновирани простории опремени со сите потребни санитетски и други придружни простории за соодветно сместување и болничко секојдневие на пациентите. Претходно на ТОАРИЛУЦ беше направена комплетна реконструкција на операционите сали по сите светски стандарди, се заменија и надградија сите постојни инсталации за безбеден и непречен доток на медицински гасови, сигурна електрична и нова водоводна инсталација, рече Заев.

Со сите овие чекори не само на оваа Клиника, туку и голем број други болници ширум државата, посочи премиерот, покажуваме цврста определба и залагање за развој на современо и модерно јавно здравство фокусирано на здравјето на сите наши граѓани.

Потенцира дека после долги години го вратиле достоинството на здравствените работници и нивните соработници преку зголемување на нивните плати, ги мотивирале да останат и да работат во јавното здравство, а тие возвратиле со огромна посветеност во најтешките денови со пандемијата со Ковид-19.

– Наша одговорност е грижата за пациентите и здравствените работници и ние ќе продолжиме со подобрување на состојбите во севкупното наше јавно здравство, додаде Заев.

Министерот Филипче рече дека реновирањето на Клиниката е уште едно од низата реновирања во Хирушките оддели и во Клиничкиот центар. Посочи дека продолжуваат со оваа динамика на реновирање одделенија кои се стари и повеќе децении не се реновирани. Овој оддел, истакна, повеќе години не бил реновиран и сега е целосно реновиран и пружа пријатни услови за лекување на пациентите и за работа на здравствениот кадар кој тука поминува огромен број часови од својот животен век, целосно посветен на подобрување на здравствената состојба на пациентите.

Оваа Клиника е позната по својата експертиза и искуство. Со години на ова одделение и само тука во државава се лекуваат пациенти со малигни заболувања на коскениот систем и деца кои заболуваат од истата болест. Токму затоа се реновираат овие делови, а децата и возрасните кои имаат потешкотии пред и после операцијата со одењето, со закрепнувањето, сега престојуваат во целосно реновирани апартмани, соби со два кревети што одговара на стандардот на болниците насекаде во светот. Следува уште една тура реновирање, а тоа се амбулантите, уште едната последна операциона сала која не е реновирана на овој спрат и другото крило од спротивната страна на овој ходник со што практично се заокружува целиот циклус на реновирање на сите одделенија кои се наоѓаат во најстарата зграда на хирургија, додаде Филипче.

Директорот на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), Александар Трајановски потенцираше дека по долги години едно цело крило од Клиниката за ортопедија целосно се реновира, со болнички капацитети, со санитарни чворови, со простории за болнички пациенти. Посочи дека драго му е што имаат поддршка за се од Владата и од министерот Филипче.

Како директор веќе девет месеци, единствено нешто што ме води е пациентот и сакам да има задоволни пациенти, затоа што ако има задоволни пациенти ќе има задоволен медицински кадар. Оваа Влада доволно направи за дигнитетот на здравствениот кадар. Нас ни преостанува само да се посветиме на пациентите и да ја вршиме нашата работа најдобро што знаеме, додаде д-р Трајановски.

извор: МИА
Next Post

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Shortcut

Најново

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026
Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk