ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МФ почна со конкректна реализација на заедничките препораки од Економско – финансискиот дијалог со ЕУ поврзан со ПЕР

July 21, 2021 17:23
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за финансии ги започна активностите за реализација на заедничките заклучоци од Економско – финансискиот дијалог со Европската Унија поврзан со Програмата за економски реформи. Главните препораки од дијалогот се усвоени на 12-ти овој месец и се насочени кон континуиран одговор со фискални, економски и социјални политики за ублажување на последиците од пандемијата и поттикнување на закрепнувањето на среден рок.

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска одржал состанок со надлежните министерства, агенции, фондови, вклучени во овој процес, со кои разговарал за конкретни активности кои ќе се преземат во наредниот период во насока на реализација на приоритетитите од овој најважен стратрешки документ во економскиот дијалог со ЕК и државите членки на ЕУ.

– Република Северна Македонија од Европската комисија беше оценета со највисок резултат од 61,1 процент реализирани заеднички заклучоци усвоени во мај 2020 година во споредба со другите земји од Западен Балкан, наведоа во соопштението од Министерството за финансии.

Од МФ посочија дека заклучоците се состојат од заеднички усвоени препораки со цел да им помогнат на земјите опфатени со проширувањето на ЕУ да го зајакнат економскиот и социјалниот развој.

– Шесте заклучоци се фокусираат на континуиран одговор со фискални, економски и социјални политики за ублажување на последиците од пандемијата и за поттикнување закрепнување на среден рок. Во сферата на макрофискалните политики, препораките се да има таргетирани привремени мерки за поддршка на ранливи домаќинства и бизниси, проследени со постепена фискална консолидација додека во сферата на структурните реформи, насоките се фокусираат на натамошно зајакнување на бизнис-климата, зајакнување на средното стручно образование и обуката, и на поголем пристап на невработените лица до активните политики на пазарот на трудот, соопштија од МФ.

Од Министерството истакнаа дека документот се изработува секоја година и претставува подготовка за учество во процесот на економски и фискален надзор на државите членки на ЕУ со цел спроведување на клучните реформски процеси во земјава, коишто ќе го интензивираат дијалогот со Европската Унија.

– Со ова започнува подготовките за Програмата на економски реформи 2022-2024 година, стои во соопштението од МФ.

Next Post
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Комисијата за прашања на изборите и именувањата одржа две седници

НАЈНОВО

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

October 24, 2025

Како се регулира онлајн коцкањето

October 23, 2025

Два руски воени авиони навлегле во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk