ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Според најновата анкета на агенцијата Брима, СДСМ повторно е со предност пред ВМРО-ДПМНЕ

July 21, 2021 13:21
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Според анкетата на Брима доколку денес се одржат парламентарни избори, за СДСМ ќе гласаат 18,9 отсто од граѓаните, додека ВМРО-ДПМНЕ ќе добие 16.3 отсто. Доколку кон рејтингот на СДСМ се додаде и тој на БЕСА, која е дел од коалицијата „Можеме“, тогаш коалицискот рејтинг изнесува 22,8 отсто.

Оваа анкета е само уште една потврда дека граѓаните имаат доверба во концептите и политиките на СДСМ и дека СДСМ и коалицијата се главни фаворити на престојните избори.

Резултатите од оваа анкета се надоврзуваат на претходните анкети на ИРИ, ИФЕС и Телма/МЦМС, кои исто така ја потврдија довербата на граѓаните во Владата на СДСМ.

Слично е расположението на граѓаните и на прашањето за политичар со најдобра доверба, па премиерот Зоран Заев останува на врвот. Според анкетата на Брима, Заев има рејтинг од 12,6 отсто, пред Христијан Мицкоски кои има доверба од само шест отсто од испитаниците.

СДСМ ќе победи на локалните избори, вели анкетата на „Брима“

Очигледно е дека партиите се веќе влезени во трка за локалните избори наесен, а за тоа сведочат  теренските активности, трибините и презентирањето на изборните платформи, но и кандидати за градоначалници. Следствено на тоа се интензивираат и анкетите за рејтингот на политичките партии и нивните лидери.

Последна во низата анкети со мислењето и очекувањата на граѓаните за исходот од локалните избори е на агенцијата „Брима“. Според неа СДСМ е повторно во водство од 18,9%проценти пред ВМРО-ДПМНЕ со 16,3%. Тоа значи дека СДСМ би бил победник на претстјните локални избори, доколку би се одржале денес.

Според оваа анкета ДУИ би освоила 6,3% од гласачкото тело, додека Алијанса за Албанците 5.9%.

Овие резултати го потврдуваат водството на СДСМ кое го регистрираше и анкетата на реномираниот Републикански институт од март годинава според која СДСМ водеше со 19% спрема 16% за ВМРО-ДПМНЕ. Карактеристично за таа анкета е што СДСМ го задржал својот рејтинг како и во 2017, додека кај ВМРО-ДПМНЕ има пад од 2%.

Од таму зачудуваат анкетните резултати спроведени од страна на исто така познатата МЦМС според која за само еден месец, во април, кога тие ја спровеле анкетата рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ се зголемил за 8% и води пред СДСМ со 0,8% или со 22,4 за нив и 21,6 за СДСМ.

Рејтинзите на другите партии се речиси идентични кај сите анкети со мала разлика во процентите.  ДУИ е секаде во водство пред останатите партии на Албанците, со таа разлика што оваа последна анкета на Брима покажува пад од скоро 2% од рејтингот од 8% што го имала во анкетата на ИРИ во март. Алијанса за Албанците чиј рејтинг е сега 5,9 е зголемен од претходните 4% кај ИРИ  и малку понизок од 6,2% кај МЦМС.

Но затоа пак Беса си го поврати рејтингот од скоро 4% (3,9 сега), што за Социјалдемократите е важно ако се земе предвид дека тие се дел од коалицијата со која заедно настапија на парламентарните избори. Затоа и велат дека кумулативно нивниот рејтинг би бил 22,8%.

Кога се прават овие анкети за рејтингот на политичките партии речиси секогаш се следи и рејтингот на нивните лидери, па според оваа најсвежата анкета Претседателот на СДСМ Зоран Заев останува политичар со убедливо највисок рејтинг и најголема доверба од граѓаните. На прашањето „Во кој политичар имате најголема доверба?“ 12,6 осто изјавиле дека тоа е Зоран Заев, додека за Христијан Мицкоски се изјасниле само шест отсто од испитаниците.

Огромно мнозинство од македонските граѓани остануваат посветени на европската агенда, потврдуваат дека нашата иднина е во ЕУ.

Анкетата на „Брима“ е правена во периодот од 28 мај до 16 јуни, на терен, во домовите на испитаниците, преку ТАПИ методот, при што се опфатени 1.194 испитаници. Маргината на грешка е плус минус 2,8 отсто.

Анкети: Заев и СДСМ го одржуваат водството пред Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ

На прашањето „Доколку денеска се одржат парламентарни избори, за која политичка партија ќе гласате“ 18,9 отсто од испитаниците одговориле дека ќе гласаат за СДСМ, додека 16,3 отсто изјавиле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, а понатаму следуваат ДУИ, Алијанса за Албанците, Левица, БЕСА и ДПА, покажува најновата анкета на „Брима“, која ја споделија социјалдемократите.

Владејачката партија соопшти дека станува збор за теренска анкета правена од агенцијата „Брима“ во периодот од 28 мај до 16 јуни, преку ТАПИ методот, а во која биле опфатени 1.194 испитаници, со маргина на грешка од плус минус 2,8%.

-Ако се земе предвид и рејтингот на Движење БЕСА која е дел од коалицијата „Можеме“ со која настапивме на парламентарните избори, тогаш рејтингот на оваа коалиција е уште повисок и изнесува 22,8 отсто, информираат од СДСМ.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев останува политичар со убедливо највисок рејтинг и најголема доверба од граѓаните.

На прашањето „Во кој политичар имате најголема доверба?“ 12,6% одговориле дека тоа е Зоран Заев, а за Христијан Мицкоски се изјасниле само 6% од испитаниците.

Податоците исто така покажуваат дека граѓаните се силно поставени на европскиот курс и дека не гледаат алтернатива на ЕУ, соопштуваат од СДСМ, додавајќи дека анализата значи пораз на структурите кои заговараат  свртување од европската агенда, враќањето кон изолација и поделбите.

Споредено со исто истражување од „Брима“ спроведено во јули минатата година, евидентен е растот на довербата кај граѓаните кон претседателот на партијата Зоран Заев од 3.1 процентен поен, а раст бележи и рејтингот на СДСМ.

Претходно и анкетата на реномираниот институт ИРИ, објавена кон средината на јуни, покажа предност на кандидатите на СДСМ пред оние на ВМРО-ДПМНЕ, за претстојните локални избори.

Истражувањето покажа дека доколку денеска се одржат локални избори, граѓаните повеќе преферираат кандидати на СДСМ кои би освоиле 19% од гласовите, додека предложените кандидати од ВМРО-ДПМНЕ би имале поддршка од 16%. Трета партија, според рејтингот, би била ДУИ за чии кандидати би се одлучиле 8%, а зад неа се Алијанса за Албанците и Левица со поддршка од 4%.

Од политичките личности, Заев е прв според довербата на граѓаните со 10 проценти поддршка, а на второ место е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со 6% доверба.

Во ниту една од анкетите, Христијан Мицкоски не успева да го претекне Зоран Заев, судејќи според поддршката од македонските граѓани, а истиот тренд се забележува и по искажаната доверба во партиите.

Д. Е.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Истрага за двајца соизвршители за убиството во Батинци, едниот е уапсен

July 17, 2025

Албански медиуми: Косовскиот полицискиот заменик командант Бојан Јевтиќ уапсен за шпионажа; Илир Мета останува во затворски притвор; Бесиана Кадаре разрешена од УНЕСКО

July 17, 2025

Министерот Лимани и градоначалникот Ѓеорѓиевски потпишаа договор за грант за проширување на капацитетите за предучилишно образование

July 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Костадин Костадинов на ФБ

    Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тошковски вели ако дивоградбите претставуваат опасност по живот ќе се рушат, од СДСМ прашуваат – што ако се неопасни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Гардијан“: Осум здрави бебиња родени преку вонтелесно оплодување со ДНК од три лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk