Со своето учество во иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика: Почитувај ги различностите“, Атиџе Муратова преку видео порака им порачува на граѓанките и граѓаните дека сите сме исти, без разлика дали имаш бела или црна кожа, сепак срцето е исто.
„Уште од мала ме воспитале да не делам ниедна нација и да не барам богатство. Богатството тука ќе го оставиме, битна е човечноста, да бидеме блиски, да се споиме. Сузана е Македонка, а јас Турчинка, но многу добро се разбирам со неа, исто како да ми е сестра. Јас никого ни делам на Албанци, на Македонци, на Роми, на Бошњаци, на Власи. Сум живеела со разни националности. Досега не сум имала никакви проблеми, до ден-денес немам и така ќе остане до крај. Некој ги разликува по богатството, но за мене сите се исти. Денес имаме, утре немаме – денес немаме, утре ќе имаме. Тоа е тоа.“, вели Атиџе.
Ирена Крџиќ / Цивил Медиа