ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Децата, топовско месо на политичката пропаганда

July 22, 2021 17:36
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Политиката е токсична за возрасните, а камоли за децата. Вклучувањето на децата во светот на политиката може да предизвика трајни последици врз нивниот развој во секоја смисла на зборот. Индоктринација и вклучување на децата во политичките кампањи е чиста злоупотреба и насилство. Тие често се топовско месо на црната пропаганда. Институциите ги затвораат очите пред кршењето на законите во политичките кампањи и со тоа ја обезбедуваат неказнивоста за оние што се служат со највалканите медиумско-пропагандни оружја што може да се замислат.

Кога во општеството се забележува неказнивост, толеранција, па дури и одобрување кон говорот на омразата и ширењето етничка, верска и расна омраза, па дури и кон отворените повици за ликвидација и екстремно насилство, не значи дека треба да ја толерираат политичката злоупотреба и на децата. Барем таму мораат да реагираат со полната сила на законот.

Повеќето луѓе се убедени дека децата не обрнуваат внимание на политиката и на кампањите кои се водат насекаде околу нив. Мислат дека децата не ја разбираат и не им е интересна политиката. Тоа е голема заблуда. Напротив, тие се како „сунѓери“ и ја впиваат секоја информација што до нив доаѓа од разговорите на возрасните, од медиумите, од дисплејот на телефоните и компјутерите во нивните раце, од билбордите околу нивните игралишта и училишта. Ако постои некакво ограничување за поставување политички пропаганден материјал во близина на училиштата, не е само за да се избегне политичко влијание врз возрасните на денот на гласањето, туку токму поради децата.

Децата ги доживуваат политичките пораки и ставови многу подлабоко отколку што тоа го мислат возрасните. И ефектот може да биде погубен. Можеби не знаат како функционира изборниот систем, како впрочем ни голем број возрасни, и политичари, но децата ги знаат имињата на кандидатите во изборните трки и директно ја чувствуваат тензијата од кампањите, од слоганите, од поларизацијата меѓу луѓето, без оглед на тоа дали тие се политички активни или се индиферентни, дали се гласачи или апстиненти.

Во најмала рака, децата се заинтригирани, загрижени или возбудени, но неретко политичките кампањи можат да предизвикаат и анксиозност и други психички проблеми кај децата. Читајќи ги овие редови, некој можеби и цинично ќе се насмее, но тоа е така поради тоталното губење на чувството за одговорност кон децата.

Не е дека децата не се заштитени, да речеме со Законот за заштита на децата дома или со Декларацијата за правата на децата во светот, како и со грижата на совесните родители, но политиката е сеприсутна и непречено го освојува детскиот свет. Трагична е загубата на детството во безбедносните кризи и воените пожари. Но и во општества каде што владее мир и стабилност, тие се зафатени од брановите што ги предизвикуваат политичките кампањи.

И сето ова се однесува на влијанието на политиката врз децата без да го споменеме деструктивното дејство на црните кампањи. Колку треба родителите да бидат непромислени и несовесни за да ги вклучат сопствените деца во црна кампања, е случај за психијатриско посматрање.

Кога родителите ги инструментализираат сопствените деца во црна кампања за политички цели на вистински разбојници во политиката, ги местат како кегли пред нивните политичките кугли, нема да ме изненади ако утре им стават и оружје в рака и ги претворат во деца војници. Бидејќи, во крајна линија, се работи за истиот принцип.

На ова се спротивставени „аргументите“ на македонските rednecks дека децата биле употребени и за време на протестите против режимот или во кампањи за одбрана на човековите права и слободи. Или најсвежиот пример, црната пропаганда која го клевети претседателот Пендаровски дека бил на Парадата на гордоста со своето дете, па дури и дека носел деца, што не е точно, бидејќи тие веќе беа таму. Вистината е дека претседателот на државата посетил граѓанска манифестација за промоција на еднаквоста и недискриминацијата, како што би отишол и на прослава на Меѓународниот ден за човекови права или прослава на Денот на независноста.

Има разлика.

Граѓанските манифестации и мирните протести во кои се промовираат прогресивните идеи и вредности,  каде што граѓанките и граѓаните бараат подобар живот, еднаквост, недискриминација и почитување на човековите права и слободи, се неопходен дел од градењето на политичката култура во која се негуваат и почитуваат еднаквоста, слободата и правдата. Едно се граѓански манифестации и мирни протести, а нешто друго се политичките кампањи, особено оние во кои се користат дезинформации и говор на омраза.

Кога се инструментализираат децата во црна пропаганда, кога се само алатка за промоција на омраза и национализам, кога се учат да мразат некого само затоа што е поинаков или затоа што мисли поинаку – тоа е газење на правата на децата, тоа е злоупотреба од најнизок вид. И кршење на законите.

Децата мора да бидат заштитени од манипулацијата на политичките партии и од несовесните родители кои сакаат да се додворат на политичките центри на моќта. Ниту во изборни, ниту во други политички цели, не смее да се дозволи децата да бидат мета или средство.

Сосема поинаква е логиката кога се работи за првото на децата да бидат информирани, соодветно на нивната возраст, за теми од областа на општеството и културата. Тие имаат право да бидат информирани за улогата на политиката и политичките партии во обликувањето на животот во едно општество.

Значи, децата треба да бидат соодветно информирани и едуцирани за политичките и општествените теми, а не да бидат употребувани!

Колку е тешко да се разбере дека е забрането да се употребуваат децата во политиката? Тоа е груба, неприфатлива, неморална и незаконска злоупотреба и кршење на нивните права.

Штетите што децата ги трпат од политичките злоупотреби денес, ќе ги почувствува целото општество за десетина години. Во меѓувреме, тие ќе станат родители и воспитувачи. И така, во недоглед, општеството тоне во деструкција.

 


Creative Commons 4.0

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мицкоски ги отфрли обвинувањата од СДСМ дека заедно со Коцевски штити началник на СВР Штип

June 1, 2025
Зоран Иванов. Фото: Б. Јордановска / Цивил

Данела, Чаир и медиумскиот смут во улога на заштитник на политичко – урбаниот криминал

June 1, 2025

(ВИДЕО) СБУ тврди дека руското военовоздухопловство претпело штета од седум милијарди долари

June 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ: Правеле зграда каде што била предвидена улица, хаос со дивоградбите во Чаир

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додека лавчињата се касаат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали Драган Казак Петрушев ги заклучил децата во Пулс, а ВМРО-ДПМНЕ го штити?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Автодиверзија врз сопственото постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На Мицкоски му било жал што Арсовска добивалa закани по живот, таа вели – ми спуштаат на 192 кога ќе се претставам кој се јавува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk