ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Граѓаните ги препознаваат државничките политики на СДСМ, децата, топовско месо на политичката пропаганда, Лукароски ексклузивно за Фронтлајн

July 22, 2021 18:01
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Анкетата на Брима докажува дека граѓаните ги препознаваат исправните, државнички политики на СДСМ предводена од претседателот Зоран Заев, истакна портпаролката Богданка Кузеска на денешната прес-конференција.

ESSPRESO од Џабир Дерала: Децата, топовско месо на политичката пропаганда – Кога родителите ги инструментализираат сопствените деца во црна кампања за политички цели на вистински разбојници во политиката, ги местат како кегли пред нивните политичките кугли, нема да ме изненади ако утре им стават и оружје в рака и ги претворат во деца војници. Бидејќи, во крајна линија, се работи за истиот принцип.

Ацо Лукароски ексклузивно за Фронтлајн: Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски немаше среќа со ждрепката и уште во првата борба на олимпискиот турнир ќе се бори против актуелниот светски шампион Рафаел Алба од Куба.

МВР Скопје ќе издава готови лични документи и за време на претстојниот викенд.

Општина Штип, учествувајќи во проектот за спречување на шумски пожари во прекуграничниот регион, финансиран преку INTERREG-ИПА, прекуграничната соработка со соседна Бугарија, за неколку месеци ќе добие современо противпожарно возило.

Спасовски на средба со амбасадорката на Србија во Северна Македонија: Одлична е соработката меѓу двете земји.

Во контејнер со легална пратка со вреќи со кафе од Гватемала, на атинското пристаниште Пиреас биле откриени и запленети 351 килограм и 725 грама кокаин, спакувани во 298 пакувања.

Собранието, денеска, во рамки на 47.седница, ја почна општата расправа по дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2021 година во кој се вметнати и осумте амандмани кои беа усвоени на Комисијата за финансирање и буџет. Расправата може да трае пет дена.

Во последните 24 часа се направени 2.896 тестирања, а регистрирани се 17 нови случаи на КОВИД-19. Регистрирано е едно починато лице од Скопје (70 години), во болнички услови.

Теренската вакцинација продолжува и утре во 60 населени места.

Германската компанија „Дајмлер“, производител на „Мерцедес-Бенц“, денеска соопшти дека од 2022 година планира да инвестира повеќе од 40 милијарди евра во развој на електрични возила, со цел до 2030 година да биде подготвена за пазарот со целосно електрични автомобили.

Next Post

Заев: СДСМ и ДУИ заедно ќе настапат на претстојните локални избори

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk