Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на Фејсбук објави дека на попладневната средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети се договориле двете партии да соработуваа на есенските локални избори, со меѓусебна поддршка во некои општини уште во првиот, а во други во вториот круг.
Почна спонзорирана црна кампања на социјалните мрежи, во пресрет на локалните избори што треба да се одржат во октомври. Партиските кујни очигледно не губат време, па предвреме ја започнаа неофицијално изборната (црна) кампања.
Директорката на Управата за јавни приходи и заменик-претседателка на СДСМ, Сања Лукаревска смета дека мерката „Мој ДДВ“ треба и понатаму да се унапредува, и посочи дека е најголем поборник да се зголеми прагот на повратот на ДДВ.
Детската градинка којашто се гради во скопското населено место Волково, во општина Ѓорче Петров, многумина со право ја нарекуваат најмодерна детска градинка во државата, но и во регионот.
Со своето учество во иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика: Почитувај ги различностите“, Атиџе Муратова преку видео порака им порачува на граѓанките и граѓаните дека сите сме исти, без разлика дали имаш бела или црна кожа, сепак срцето е исто.
Приоритетите на словенечкото претседателство со ЕУ во следните шест месеци, покрај пријателска поддршка за нас и за регионот, претставува и принципиелен однос во полза на кредибилноста на самата Унија, изјави денеска вицепремиерот Никола Димитров на средба во Љубљана со државниот секретар во Министерството за надворешно работи на Словенија, Довжан.
На попладневното продолжение на 47. собраниска седница на која се дискутираше по дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2021 година, пратениците од владејачкото мнозинство оценија дека тој ќе придонесе за здрава економија и здраво општество, додека според претставниците на опозицијата ребаланост само ќе ја зголемува сиромаштијата.
Ј. Ѓ.