ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитров со министри од ЕУ – Силна поддршка за европското досие на Северна Македонија

July 24, 2021 11:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров денеска, во рамки на неформалниот состанок во Брдо крај Крањ, оствари повеќе засебни средби со министрите за европски прашања и надворешни работи на земјите-членки во ЕУ како претставници во Советот за општи прашања на кој се дискутира и одлучува по однос на политиката на проширување.

Како што соопшти СЕП, средбата со францускиот министер задолжен за европски прашања Клеман Бон претставува силна афирмација на француската поддршка за отпочнување на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ и валозирање на постигнатите резултати со кои земјата ги исполни предвидените услови.

На средбата со министерот за надворешни и европски работи на Големото Војводство Луксембург, Жан Аселборн, беше истакнато дека е навистина крајно време за надминување на предизвиците и пречките на патот кон ЕУ за уште поголемо посветување на реформската агенда што е суштината на пристапниот процес.

Со претставникот на ГАК од Малта, Стефан Зринго Азопарди, вицепремиерот Димитров посочи дека постојат можности билатералната соработка помеѓу двете земји да биде дополнително зајакната, а неговиот соговорник изрази јасна и недвосмислена поддршка за полноправно членство на Северна Македонија во ЕУ како израз на стремежите за поврзување заради остварување на заеднички цели и интереси.

Димитров оствари средба и со финската министерка Тути Тупураинен која изрази уверување дека европската перспектива на Северна Македонија и регионот мора доследно да се реализира. Тој се сретна и со литванскиот заменик министер за европски прашања Арнолдас Пранкевичиус кој исто така ја реафирмирсше подготвеноста на земјата за старт на преговорите.

Билатералната агенда беше заокружена со средбата со шведскиот министер за ЕУ прашања Ханс Далгрен, кој ја поздрави цврстата определба за спроведување на европската агенда на земјата што е силно поддржана од шведска страна преку конкретна помош во клучните области.

Next Post

Од понеделник пријавување за вакцинирање во домашни услови

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk