ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Охриѓани добиваат безбедна улица, а младите од Охрид и регионот современо училиште за средно стручно образование

July 24, 2021 13:10
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Заев, денеска, во придружба градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески и на пратениците направи увид во работите на реконструкцијата на спортската сала и спортските терени на Општинскиот електромашински училиштен центар „Св. Наум Охридски“, и ја пуштија во улицата „15-ти Корпус“ – една од најзначајните сообраќајни артерии на Охрид.

„Станува збор за исклучително важна улица бидејќи таа e влезот во градот за сите оние што во Охрид пристигнуваат од Ресен, Битола, Прилеп и од другите градови од истокот и југоистокот на нашата земја. Улицата е од исклучително значење за жителите од овој дел на градот, како и за сите индустриски капацитети и фирми кои гравитираат во индустриската зона која се протега долж улицата“, нагласи премиерот Заев на настанот.

Проектот за реконструкција опфати замена на атмосферската канализација и поставување на нов асфалт на коловозот и комплетното уредување на пешачките и велосипедските патеки од двете страни на улицата.

За реализација на овој значаен проект Општина Охрид издвои 30 милиони денари од општинскиот буџет, а останатите средства во износ од 28 милиони денари се обезбедени од ЈП „Државни патишта“.

„Охриѓани, но и нашите редовни гости кои пристигнуваат во Охрид од овој приод кон градот, многу добро се сеќаваат во каква руинирана состојба беше оваа улица. Ценејќи ги вистинските и приоритетните потребни на граѓаните, но и на фирмите кои гравитираат во овој дел на градот одлучивме да го реализираме овој голем проект“, рече градоначалникот Константин Георгиески.

Тој најави дека паралелно со реконструкцијата на оваа значајна сообраќајница во завршна фаза е уште еден голем и сложен инфраструктурен проект, а тоа е реконструкција на улицата „Абас Емин“.

На увидот на работите на реконструкцијата на спортската сала и спортските терени на Општинскиот електромашински училиштен центар „Св. Наум Охридски“ беше истакнато дека ова средно училиште доживеа речиси целосна реконструкција и обнова.

Во 2019 година со поддршка на Министерството за образование беа обновени прозорците и дел од кровната конструкција, а во 2020 година беше завршена обновата на покривот и комплетно реконструирана фасадата со што училиштето доби сосема нов лик.

Сега се во тек работите на реконструкцијата на спортската сала и на спортските терени и со тоа ова училиште го добива целосниот модерен и функционален училиштен центар со сите погодности за изведување квалитетна настава.

„Ова училиште, како партнер на програмата за дуално образование има посебно место во нашиот образовен систем со оглед на фактот што за оваа новина во нашето образование посветуваме посебно внимание за да биде целосно и успешно имплементирана“, истакна премиерот Заев.

Дополнително, Oпштина Охрид ги реновираше сите училници, кабинети и канцелариски простории, а со цел да се овозможи поголема функционалност на онлајн часовите за учениците од ова средно училиште беа набавени 20 нови десктоп компјутери.

 

Next Post

Во поплавите во Германија загинаа 180 лица, а околу 150 се водат за исчезнати

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk