ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Почнуваат ИПАРД инфо деновите за диверзификација на фарми и развој на мали бизниси

July 24, 2021 11:40
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Платежната агенција денеска соопшти дека од понеделник почнуваат ИПАРД инфо деновите посветени на мерката 7: „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“.

Предвидено е ИПАРД инфо деновите да се одржат во поголем број населени места, а првите се планирани за 26 јули во Кочани и Берово.

-Сите заинтертесирани земјоделци, физички и правни лица, микро и мали претпријатијa, како и задруги, од Кочани ќе може да дојдат во 11 часот во Мултикултурниот центар во Кочани, за да се информираат околу деталите и можностите што ги нуди оваа мерка. Веќе од 14 часот караванот посветен на публицитет на ИПАРД програмата се сели во Бизнис инкубаторот во Берово каде што заинтересираните страни ќе може да учествуваат во работилницата за ИПАРД, а претставниците на АФПЗРР и на ТУИ ќе може да им помогнат во добивање на сите одговори околу можноста и начинот да се креираат квалитетни апликации за добивање на средства од мерката „Диверзификација на фарми и развој на бизниси”, информира Агенцијата.

На овој Јавен повик, отворен до 22 август 2021 година, може да се поднесуваат барања за користење  средства за алтернативно земјоделско производство, производство на прехранбени производи и пијалоци (алкохолни производи од овошје и пиво, колачи, тестенини и пекарски производи, чај и билни екстракти, зачини и билки, слатководна риба, ракови и мекотели и други производи кои не се наведени во Листата од Анекс I на Договорот за функционирањето на ЕУ, производство на непрехранбени производи, занаетчиски дејности (согласно Правилникот за определување дејности кои можат да ги вршат занаетчиите), услуги во земјоделството, развој на услуги за руралното население и промоција на руралниот туризам.

-Како корисници на мерката 7 се прифатливи и физичките и правните лица кои спаѓаат во рангот на микро и мали претпријатија. Висината на финансиската поддршка се движи од 1.500 до 1.000.000 евра, не вклучувајќи го данокот на додадена вредноста, а повратот на инвестициите е во висина до 65 отсто од вкупните прифатливи трошоци. Проектираниот буџет за оваа мерка е 9,6 милиони евра, со можност за негова екстензија. Ова се сериозни средства кои ќе имаат директен импакт врз развојот на постојните, како и отварањето на нови мали и микро претпријатија кои се мотори на домашната економија. Главната цел на оваа мерка е поттикнување на вработувањата и зголемување на економската активност во руралните средини, преку развој и промоција на руралниот туризам, зачувување и развивање на занаетчиските активности и мотивирање на руралното претприемништво, истакнува Платежната агенција.

Сите информации и потребната документација за овој повик може да се најдат на веб страницата www.ipardpa.gov.mk.

Next Post

Пладневен преглед: Битола веќе не е општина во долгови, огласи за вработување на 500 образовни асистенти, Овчеполието центар за зелена енергија

Shortcut

Најново

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026
Самит на НАТО во Анкара, 7-8 јули 2026, Марк Руте и Доналд Трамп (фото извор: НАТО)

(НЕДЕЛЕН РАПОРТ) Самит на НАТО, воена ескалација на Блискиот Исток и други клучни настани

July 12, 2026

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk