ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Спектакуларен концерт на „Танец“ на плоштадот во Струмица

July 24, 2021 15:00
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ансамблот „Танец“ синоќа одржа спектакуларен концерт на отворено на платото пред Центарот за култура „Антон Панов“, на плоштадот во Струмица, во рамки на манифестацијата „Струмица-град на културата 2021“.

Пред многубројната публика играорците, музичарите, хорот и вокалните солисти се претставија со одлични кореографии и сплет од богатиот македонски фолклор.

Настапот на „Танец“ е дел од новата сезона на оваа национална установа, симболично наречена „Враќање“, а овој и претстојните се насловени како „Танец под ѕвездите“. Целата сезона е во чест на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, но и во духот на отпочнување на новиот сценски живот, после долгата глобална здравствена криза.

Концертот во Струмица беше прв настап на „Танец“ во полн состав. Според директорот Мартин Вучиќ, враќањето на сцената им значи многу на сите членови на ансамблот.

-Почнавме со вокално-инструментални концерти, но добивме можност да се вакцинираме и со тоа направивме еден колективен имунитет во најголем дел и решивме да се вратиме на сцена во полн состав. Доколку ни овозможат протоколите тоа ќе го правиме и понатаму, бидејќи по една година полека се враќаме во некоја нормала, рече директорот Вучиќ.

По концертотот во Струмица, „Танец“ ќе настапи на 26 овој месец на манифестацијата „Илинденски денови“ заедно со хрватскиот државен ансамбл, „Ладо“, а на 28 јули ќе настапат и во Античкиот театар во Охрид во рамки на манифестацијата „Охридско лето“, надвор од официјалната фестивалска програма. Концертот во Охрид ќе биде хуманитарен, а средствата ќе се донираат во здравството.

Next Post

(ФОТО галерија) Булеварот АСНОМ почна да се пробива низ Керамидница кон Аеродром

Shortcut

Најново

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026
Скопје, центар, 27 август 2026 (фото: Фронтлајн)

Фотографски записи од центарот на Скопје

August 29, 2026

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026
Конц-логор Омарска, 1992, БиХ.

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk