Скопје денеска со повеќе активности и манифестации ќе одбележи 58 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, кога се разбуди во урнатини под кои 1.070 лица го загубија животот, а 3.000 беа повредени. Денот на сеќавањето на скопскиот земјотрес е и ден кога им изразуваме благодарност на сите кои со љубов и солидарност учествуваа во споделувањето на болката со преживеаните и што учествуваа во обновата на градот. Скопје стана град на солидарноста, место на кое се обединија пораките и молитвите за поддршка и за споделување на болката, за загубата, објави Заев.
Картите за возот кој требаше утредента да нé однесе на Крк, преку Белград, Загреб до Ријека, па со траект до островот на северниот Јадран, во приватно сместување кое самите требаше да го бараме откако ќе стасаме таму, ги подигнавме на 25 Јули 1963 година, попладнето, кога со новото Фиќо тргнавме со татко ми на Старата железничка станица. Не се сеќавам точно во колку часот требаше да киниса возот, ама знам дека пред да се случи тоа, сите бевме будни… БОРЧЕ БОКИ ТРАЈКОВСКИ, се сеќава на скопскиот земјотрес.
Граѓаните кои поради здравствени причини не се во можност да дојдат и да примат вакцина против КОВИД на вакцинален пункт, од денеска може да закажат вакцинирање во домашни услови.
Условите за започнување на нов бизнис и создавање на старт-апи се подобруваат, а младиот претприемач полека, но сигурно, го зазема централното место во домашната економија. Новите, иновативни бизниси се моторот на денешницата во современите економии. Ние сме на вистинскиот пат да изградиме систем и политики кои ќе ги поддржуваат нашите претприемачи, да се охрабрат и да почнат да ги реализираат своите идеи, потенцира Битиќи, во колумната за порталот Фактор.
М. Миткоска





