ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МОЗАИК

Ходаи: На различностите да гледаме како на додадена вредност (ВИДЕО)

July 27, 2021 12:25
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МОЗАИК
Бленди Ходаи (фото: Биљана Јордановска / Цивил Медиа)

Бленди Ходаи (фото: Биљана Јордановска / Цивил Медиа)

Share on FacebookShare on Twitter

Активистот Бленди Ходаи со видео порака во иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика, почитувај ги различностите“: „На различностите да гледаме како на додадена вредност:“

-Етничката, културната и верската различност во Северна Македонија  несомнено дека е  богатство за целата земја, бидејќи колку повеќе култура има една земја, толку е таа побогата.  Лично, секогаш кога сум на конференции на коишто ги претставувам младите од Северна Македонија, се чувствувам горд што ги претставувам, бидејќи меѓу младите има многу различни култури кои ја прават нашата земја побогата, вели Ходаи.

„Почитувањето на човековите права, различностите и маргинализираните групи е предуслов за нашата земја и за сите земји кои се стремат да бидат дел од Европската унија. Треба да работиме напорно, како млади луѓе да имаме општество во кое ќе се почитуваат разликите, општество каде никој нема да биде дискриминиран и игнориран, општество во кое на различноста и целата оваа разновидност на културите што живеат во нашата земја, ќе се гледа  како додадена вредност за нас, а не како закана за земјата.“

Ходаи наведе и личен пример од своето искуство што се однесува до неговиот активизам, за почитувањето на различностите, на неколку нивоа.

-Личен пример што го илустрира моето искуство во однос на почитувањето на различните култури и етнички и религиозни заедници што живеат во нашата земја, е токму примерот што јас и многу други студенти сме работеле од 2017 година, бидејќи сум претседател и основач на Унијата на средношколци, каде што ги обединивме сите студенти без оглед на етничката, културната или верска припадност. Ова доведе, за прв пат од 1991 година, поточно од независноста на Македонија, до обединување на сите средношколци во едно тело што нема да ги дискриминира студентите врз основа на етничка припадност, култура или религија. Ова ги направи младите луѓе тука, многу помоќни отколку што беа пред неколку години, посочува Ходаи.

„Една од причините зошто изразив желба да бидам дел од Иницијативата на  ЦИВИЛ, е токму изреката на филозофот Платон, кој вели дека е граѓанска обврска на сите да бидат дел и да им помагаат на процесите во општеството, и затоа сметам дека мојата задача како млад човек во Северна Македонија, е да им помагам на процесите што се во интерес на земјата, да им помагам на процесите што ќе ги почитуваат разликите и ќе направат разлика, како млади луѓе во нашата земја.

Време е да одмориме од минатото и да се фокусираме повеќе на иднината, за да напредуваме што побргу и да створиме иднина. Новите генерации што доаѓаат да не ја гледаат својата земја како место од кое само сакаат да го завршат образованието и потоа да си одат од земјата, заради поларизираноста во општеството. Затоа, време е да одмориме од минатото, и да се фокусираме на градење на што подобра иднина за младите.“, порачува Ходаи.

За време на снимањето на видео пораката, Бленди Ходаи беше претседател на Средношколскиот сојуз, средношколец матурант, активен борец за подобрување на образованието и воедно основач на Средношколскиот сојуз.

Дијана Тахири / ЦИВИЛ МЕДИА

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

(ВИДЕО) Вимблдон: 11 историски моменти кои никогаш нема да се заборават

July 1, 2025

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025
Фото: Jasin Boland/Universal Pictures and Amblin Entertainment

(ВИДЕО) Скарлет Јохансон и Џонатан Бејли ја „препородуваат“ франшизата „Jurassic World: Rebirth“

July 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Голема сензација на Вимблдон: Отпадна третата тенисерка на светот за само 58 минути

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Српскиот свет“ и Кина во извештајот за Македонија – ЕП го засилува тонот кон Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Одамна мртов сателит на НАСА емитува силен радио сигнал, збунувајќи ги астрономите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk