ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Чадеж: Во Скопје започнуваме нова ера на економска и политичка соработка

July 28, 2021 13:27
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Бизнисмени од Србија, Северна Македонија и Албанија денеска и утре во Скопје ќе разговараат за можностите за подобра економска соработка во регионот. Претседателот Александар Вучиќ, како и премиерите Еди Рама и Зоран Заев, ќе ја охрабрат соработката, пишуваат српските медиуми, според кои српскиот претседател во Скопје пристига со преставници на над 200 компании, јави дописникот на МИА од Белград.

-Србија, Албанија и Северна Македонија ќе отворат нова ера на економска и политичка соработка по големиот деловен форум што утре во Скопје ќе собере околу 350 компании од Западен Балкан, а се очекуваат над 400 билатерални средби на бизнисмените, соопшти претседателот на Српската стопанска комора, Марко Чадеж.

Барањата на економијата и идејата за единствен пазар на кој компаниите би работеле многу полесно, поедноставно и побрзо, во пракса треба да ги спроведе – политиката, поради што на собирот ќе учествуваат премиерите Зоран Заев и Еди Рама и претседателот на Србија Александар Вучиќ, кои ќе потпишат неколку договори со цел да го олеснат бизнисот на нашите економии, а заедничкиот пазар да биде поконкурентен за најголемите европски и светски компании, сопштија од Стопанската комора на Србија (ПКС), која задно со Стопанската комора на Македонија и Албанија се организатори на Економскиот форум во Скопје.

Претседателот на ПКС, Марко Чадеж, посочува дека економијата на регионот пред своите политичари постави неколку важни иницијативи што треба да доведат до уште подобар бизнис на нашите економии.

-Влегуваме во целосно нова ера на стопанска, економска и политичка соработка во регионот, особено кога станува збор за овие три земји, Албанија, Северна Македонија и Србија. Засилената соработка ќе донесе нова политичка стабилност и јасен сигнал до инвеститорите дека ова е регион на успех. Гледаме конкретни поместувања и придобивки за економијата и граѓаните и ги покануваме другите економии на ЗБ6 да се приклучат, кажа Чадеж.

Тој, исто така, најави нови проекти кои уште повеќе ќе ги поврзат економијата и граѓаните на овие три земји, како што е воведувањето единствен систем за електронска наплата на патарина што носи заштеда на пари и време и на економијата и на граѓаните.

-Ние сакаме да ги отстраниме сите бариери за слободен проток на луѓе, стоки, услуги и капитал во нашите земји, така што сите дозволи од надлежните инспекции, пазарни, фитосанитарни и други, ќе важат во сите земји, без оглед каде се издаваат. Исто така, очекуваме на границите да бидат поставени „брзи премини“ за граѓаните и економијата на Албанија, Северна Македонија и Србија, изјави Чадеж.

Според него, една од најважните иницијативи на која ПКС инсистира е воведување на единствени работни дозволи.

-Економијата многу добро знае колку денес има проблеми со недостаток на квалитетна работна сила. За многу краток временски период ќе имаме можност граѓаните на сите три земји да имаат можност да најдат работа и да работат каде било на територијата на потписниците на овој документ, кажа Чадеж.

Скопскиот форум за регионална соработка на Западен Балкан ќе обедини компании од Србија, Албанија, Северна Македонија и Босна и Херцеговина, како и други регионални и европски економии, како и претставници на влади, финансиски институции, универзитети, меѓународни делегации и здруженија. Најголем број компании што учествуваат доаѓаат од градежниот сектор, земјоделско-прехранбената индустрија, енергетиката, машинската, автомобилската и текстилната индустрија, туризмот, ИКТ и телекомуникациите, транспортот и логистиката.

Меѓу компаниите од Србија се Нектар, Еликсир, Алфа Плам, ФПМ Агромеханика, Млекара Шабац, НИС, Телеком, Унипромет, МИНД – Милановиќ Индустри Груп, Младост Лесковац, Нутрико Врање, Симпо, Еуротурс, Ер Србија, Коридори на Србија, Патишта на Србија, Србија Карго и други.

Next Post

Во Врање повеќе се вакцинираат македонски отколку српски државјани

Shortcut

Најново

Роботи во здравството (фото извор: Edge Medical)

Европски успех на домашно тло: Прва „Single Site“ роботска операција во земјата

June 11, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

Реакција на СДСМ: Мицкоски ја смени приказната – од „нема избори“ до „избори многу скоро“

June 11, 2026

Турските граѓански организации целосно изоставени од програмата за финансиска поддршка на Министерството за односи меѓу заедниците

June 11, 2026

Премиерот Мицкоски тврди: Македонскиот раст на БДП е меѓу најдобрите во Европа

June 11, 2026

„Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

June 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk