ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Нула минути на граница“ тоа е нашата цел, им порачаа стопанствениците на Заев, Рама и Вучиќ

July 29, 2021 13:25
in Uncategorized
Економски форум Скопје (фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн)

Економски форум Скопје (фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн)

Share on FacebookShare on Twitter

„Нула минути на граница“, тоа е нашата цел, им порачаа денеска стопанствениците на политичките лидери Зоран Заев, Еди Рама и Александар Вучиќ.

На економскиот панел во рамки на Регионалниот економски форум, бизнис заедницата укажа и на потребата од воевдување една работна дозвола.

-Без нула минути не можеме да бидеме конкуренти во ЕУ. Од друга страна, скоро 40 проценти од компаниите се жалат на проблеми да најдат квалификувана работна сила во сопствениот систем. Затоа, не треба да се поедностават само процедурите за работни дозволи, туку треба да се воведе една работна дозвола. Значи, бараме нула минути на граница и една работна дозвола, истакнаа стопанствениците.

Според нив, мора да се создаде перспективва – младите да бараат работа дома, во регионот, наместо да заминуваат надвор.

-Од 2012 до 2019 година 350.000 лица ги напуштиле нашите земхи, емигирале. Мислам дека можеме подобро од тоа. Ако зборуваме за перспектива, треба да зборуваме за давање можност да работат блиску до дома, до своите семејства, порача деловниот сектор.

Премиерот Заев во оваа прилика соопшти неколку иницијативи кои се предлог на бизнис заедницата, но за кои, како што потенцира, постои огромна политичка волја да се реализираат. Најави отворање посебна лента за камиони, поврзување на министерствата за финансии на сите три земји преку единствен софтвер, зајакната соработка и поврзување на МВР-службите за да се спречи еветнуална корупција и криминал при транспортот, увозот и извозот, како и поврзување на младите преку заеднички престој во хотели во некој од туристилките центри како Драч, Охрид, Копаоник, Златибор,… Со тоа, дополни премиерот, ќе се поттикне и трузимот, односно ќе се пролонгира туристичката сезона што ќе придонесе за јакнење на трите економии.

Заев откри и дека постои идеја за изградба на една од најголемите фотонапонски централи на Балканот.

-Многу други идеи стојат пред нас, а произлегоа од бизнисот. Она што ќе го потпишеме денеска ќе биде само почетна точка за унапредување на економиите. Кога политичкото лидерство е искрено отворено за соработка, можеме да ги развиваме идеите на сотопанските комори, рече премиерот на панелот.

Според него, за да се остранат стотиците камиони на Табановце, Прешево, Ќафасан, треба да направиме две работи – нашите министри за финансии да имаат софтвер кој ќе ги поврзе системите за ДДВ.

-Тоа е начинот за да се отстрани единствената пречка поради која камионите чекаат зашто фактурите, проверката на документацијата и оданочувањето се можни само со поврзување на софтверот за ДДВ. МВР службите, пак, треба да ги разменат сите податоци за борба против корупцијата и криминалот. Сите камиони и добра имат царинска процедура каде што почнува транспортот, на границите не прават ништо посебно, затоа треба да ги отстраниме чекањата, а идејата е да имаме „нон-стоп само оди“. Во однос на туризмот, разгледана идејата да се поддржат хотелите и рестораните. Идеја имаме и за тоа како да се организираат илјадници деца од училиштата кои ќе минуваат време заедно во хотелите во Драч, Златибор, Охрид, Дојран, Копаоник. Врските што ќе се остварат ќе останат до крјаот на животот. Тоа ќе го направиме и за да ја зголемиме туристичката сеозна (пред и по неа). Тоа може да ја поодорби економијата, но и поврзаноста меѓу луѓето, истакна Заев.

Претседателот Вучиќ уште еднаш, како и шретходно во воведното обраќање, го нагласи прашањето на довербата. Важна е заедничката иднина, рече Вучиќ, и резултатите што ќе се постигнат преку соработката.

– Секогаш се потеценуваме. Таквите фрустрации дека некој прави нешто подобро од нас, мора да се  надминат. Мора да веруваме во сопствените сили, да градиме меѓусебна доверба, да станеме партнери, напомена срппскиот претседател.

Апбанскиот премиер Рама се осврна на работните дозвцоли, укажувајќи дека Северна Македонија и Србија треба да го сменат законодавството.

-Србија и Северна Македонија имаат проблем, треба да го сменат законодавството, она што ние претходно го направивме. Зошто грашаните на ЕУ да доѓаат кај нас и веднаш да им се признаат квалификациите, а луѓето од регионот ја немаат таа погодност. Затоа нашето законодавство го кренавме на исто ниво и за граѓаните од регионот и за оние од ЕУ. Кој и да дојде од регионот кај нас, ги има истите права како кој било друг од ЕУ, потенцира Рама.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Фото: МИА

МЗ: Вчера се аплицирани 14.230 вакцини

НАЈНОВО

фото: Министерство за европски прашања

Муртезани на ГАК во Брисел: Зајакнувајќи ја правната држава дома, Северна Македонија ја зајакнува и ЕУ

September 16, 2025
Фото:МИА

Кочани шест месеци подоцна – „Не е само несреќа, ова е трагедија што можеше и мораше да се спречи“

September 16, 2025

Јаневска вели се работи за недоразбирање, СДСМ реагира – Со една работа се пофалија и таа ја излажаа, учебници нема

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица ѝ фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk