ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Одбележан 30 јули – Светскиот ден за борба против трговија со луѓе

July 29, 2021 12:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска во Клубот на пратеници, по повод Светскиот ден за борба против трговија со луѓе – 30 јули, прогласен од Генералното собрание на Обединетите нации, се одржа средба на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција на Република Северна Македонија на која официјално беше објавено реактивирањето на Мобилните тимови за идентификација на жртви и потенцијални жртви на трговија со луѓе.

Воведно обраќање имаа Националната координаторка за борба против трговија со луѓе и илегална миграција на Република Северна Македонија и државна секретарка во МВР, м-р Магдалена Несторовска, претставник од Министерството за труд и социјална политика и член на Националната комисија  Елена Грозданова и раководителката на Канцеларијата на Меѓународната организација за миграции (ИОМ) во Скопје, Соња Божиновска.

Националната координаторка, м-р Несторовска, во своето обраќање посочи дека Република Северна Македонија ќе продолжи со активностите насочени во борбата против трговијата со луѓе, а тоа се докажува и со неодамнешното приклучување во кампањата на Обединетите нации, наречена СИНО СРЦЕ, чија цел е подигнување на свеста за проблемите и страдањата на жртвите на трговија со луѓе и нѐ потсетува на ладнокрвноста на оние кои учествуваат во овие криминални дејствија.

Република Северна Македонија е дел од оваа глобална кампања заедно со уште 33 земји од светот и е втора земја во регионот која ќе ја дава својата поддршка на ова поле. Со користење на #EndHumanTrafficking ќе се помогне кон побрзо и полесно запознавање на корисниците на социјалните медиуми со овој горлив проблем на глобално ниво.

Како што потенцираше Божиновска, ИОМ во соработка со институциите имплементира проекти кои имаат за цел поддршка на процесот на идентификација на жртвите и потенцијалните жртви на трговија со луѓе, како и јакнење на капацитетите на институциите согласно актуелните трендови.

На средбата беше истакнато дека функционирањето на Мобилните тимови е поддржано од Меѓународната организација за миграции – ИОМ и тие ќе продолжат повторно да работат како пет мобилни тимови за идентификација на ранливи категории, вклучително и жртви на трговија со луѓе (во Битола, Гевгелија, Куманово, Скопје и Тетово), преку Меморандумот за соработка склучен меѓу Министерството за труд и социјална политика и Министерството за внатрешни работи во јануари 2018 година. Во нив членуваат претставник од Министерството за внатрешни работи, претставник од Министерството за труд и социјална политика и претставник од невладините организации кои работат на полето на борба против трговијата со луѓе.

Овој проект претставува една од успешно реализираните приоритетни активности, предвидени во реформски План 3-6-9 на Владата на Република Северна Македонија. Работата на мобилните тимови се движи во насока на навремена идентификација и работа директно на терен со најранливите категории на граѓани, а во периодот кој следи ќе се работи и на наоѓање начин на нивна институционализација.

Next Post
Економски форум Скопје (фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн)

Рама: Она што ќе го правиме во ЕУ утре, почнуваме да го правиме денес и тука во регионот

EVN

НАЈНОВО

Комисија за култура на СДСМ: Љутков се кити со туѓи перја во Стоби додека удира врз колективниот договор

April 17, 2026

Филипче на панел на ПЕС: Прогресивните сили се последнатa линија на одбрана од авторитарните режими

April 17, 2026
Фото: Скриншот, видео X

Трамп потврди: Ормускиот Теснец е целосно отворен за пловидба

April 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

    Дневен хороскоп со Анаис – 17 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секнува унгарското масло за македонските пропагандисти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за Законот за високо образование: Мора да се работи за плата од 150.000 денари, не може без ниту еден научен труд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Силни пораки од протестот на културните работници: Многу лоша улога Министре

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Цаневска: Два месеци недостасуваат клучни лекови, системот во колапс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk