ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Преку мерката „Млад земјоделец“ младите и невработени лица до 40 години ќе можат да си отворат сопствен бизнис во земјоделство

July 29, 2021 14:33
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

 Младите кои имаат до 40 години, а се занимаваат со земјоделство или имаат бизнис идеја во секторот земјоделство, од денеска до 29 август 2021 година, ќе можат да аплицираат за добивање на финансиска поддршка преку мерката 112 „Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност“, или во јавноста попозната како „Млад земјоделец“.

Корисници на оваа подддршка, соопштија денеска од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој,  може да бидат сите кои имаат до 40 годиншна возраст, регистрирани како индивидуални земјоделци согласно Законот за вршење на земјоделска дејност и Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

Максималната прифатлива поддршка за инвестиција изнесува до 600 илјади  денари или до 10 илјади евра по корисник, а барателите поддршката може да ja искористат за започнување земјоделска дејност, односно за инвестиции во опрема за преработка на земјоделски и производи од животинско потекло, како и за отворање соспствен агро – бизнис.

Доделената финансиска поддршка е неповратен грант. Фокусот на оваа мерка е насочен кон лицата на кои земјоделството им е примарна дејност. Финансирањето од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година се врши врз основа на одобрено барање за користење средства од Програмата и склучен Договор за финансиска поддршка за одобрена инвестиција. Исплата на средства се врши согласно Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќа на годишно ниво во најмногу три рати, информира директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски. 

Сите заинтересирани, се наведува во соопштението, барањата може да ги поднесат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk

Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу две барања по различни мерки земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година. Барателите кои ги исполниле условите за користење на средства за мерките 112, се подвлекува во соопштението, се рангираат со бодување утврдено во Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој. Барањата со ист број на бодови се реангираат по принцип прв дојден прв услужен.

Со помош на мерките 112 и 113, Млад земјоделец со поддршка до 10 и до 20 илјади евра, се наведува во соопштението,  директно се влијае врз намалувањето на невработеноста а се јакнат и локалните економии.

-Веќе на терен се гледаат и голем број на успешни приказни кои се реализирани со помош на овие две мерки. Младите се иднината на оваа земја, затоа Владата заедно со Агенцијата креираше и ќе продолжи да создава мерки и поволни услови младите да создаваат свои бизниси, да бидат активни учесници во создавање на производи со поголема додадена вредност и со тоа директно да влијаат на растот на бруто домашниот производ, од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

извор: МИА
Next Post
Дејан Георгиевски, македонскиот олимписки натпреварувач во таеквондо, ЛОИ, Токио, 2021 година

МОК го награди Георгиевски со 10.000 евра и стипендија за олимпиското сребро

Shortcut

Најново

СДСМ: Оставката на Груевска-Маџоска е доказ за распадот на културната политика на Љутков

June 10, 2026
Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - стара чаршија Скендер Бег

Дневен хороскоп со Анаис за 10 јуни 2026: Финансиска консолидација и цврсти деловни темели

June 10, 2026

НАСА го објави екипажот за историската мисија „Артемис 3“ во 2027 година

June 9, 2026

Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

June 9, 2026

Летно читање за немирни умови: две изданија на Frontline Press во „Или-Или“

June 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk