ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Царовска: Создаваме општество во кое различностите во јазикот и културата ќе се гледаат како предност

July 30, 2021 12:47
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Образовниот систем е местото каде се создаваат граѓани со вистински вредности кои знаат да ги почитуваат различностите, да бидат толерантни живеејќи во мултиетничка средина во која на бројните застапени јазици и култури ќе се гледа како предност. Затоа и пристапивме кон темелни реформи кои започнуваат во основното образование со почетокот на следната учебна година. Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска за време на денешното доделување на сертификати за преведувачи и лектори по завршена неколку месечна обука која ја организираше Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Северна Македонија.

„Целта на промените, на новата Концепција за основно образование е системот да го усогласиме со новото време и состојби, а генерациите кои ќе излегуваат од училишните клупи освен клучните знаења и компетенции, да имаат и развиено чувство на еднаквост, почит кон различните од нив, чувство дека припаѓаат тука и дека во средината во која живеат не постои никаква, а најмалку јазична бариера за да остварат нешто што им следува согласно законите“, рече Царовска.

 

Министерката им честиташе на учесниците на обуката за надградените знаења и вештини, истакнувајќи дека вложувањето во стручен кадар кој работи на превод во институциите на системот значи подигнување на транспарентноста, но и обезбедување на еднаков пристап во остварување на правата на граѓаните од различните етнички заедници и спречување на дискриминација при нивното услужување.

 

„На сите учесници на обуките за преведувачи и лектори, им честитам на стекнатите компетенции кои се потврдени со сертификатите што денес ги добиваат. Овој чин е потврда на вашата стручност и компетентност да работите на позиции во институциите на системот кои и тоа како се значајни за подигнување на транспарентноста и рамноправниот пристап кон граѓаните. Верувам и дека несебично ќе го споделувате своето знаење со останатите колеги и со нови генерации на преведувачи и лектори кој ќе го најдат своето место во овој сегмент на работа“, додаде Царовска.

Next Post

Георгиевски: За две ипол години во Охрид изградивме улици кои не беа допрени со децении

Shortcut

Најново

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вонредни избори или национален консензус за ЕУ-агендата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk