ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

НБ: Последните макроекономски показатели главно се движат во очекуваните рамки

July 30, 2021 11:00
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во текот на вториот квартал дојде до видно стабилизирање на епидемиолошката состојбa и олабавување на рестриктивните мерки, со што и показателите за глобалната економска активност се поволни, се посочува во најновиот Квартален извештај на Народна банка (НБ) што беше усвоен на редовната седница на Советот на Народната банка.

Главните извори на неизвесност и ризици во глобални рамки, се посочува, и понатаму се поврзуваат со развојот на пандемијата и процесот на имунизација.

-Последните макроекономски показатели од домашната економија главно се движат во очекуваните рамки. Проценетите податоци за БДП за првиот квартал од 2021 година покажуваат намалување од 1,9 отсто, што претставува продлабочување на годишниот пад, коешто беше очекувано и при априлската проекција. Од друга страна, расположливите високофреквентни податоци за економската активност за вториот квартал покажуваат позитивни движења, со оглед на стабилизирањето на третиот бран од пандемијата, како и започнатата имунизација во земјата и постепеното повлекување на рестриктивните мерки, што придонесе за закрепнување на економијата. Во однос на инфлацијата, просечната годишна стапка на инфлација во првата половина на годината изнесува 2,4 отсто, што е очекувана динамика со оглед на растот на светските цени на примарните производи, соопшти НБ.

Оттаму нагласуваат дека големата променливост на цените на светските пазари и понатаму е главниот извор на неизвесност околу идните движења на домашните цени.

-Последните расположливи податоци за билансот на плаќања посочуваат на остварувања кај тековните и финансиските трансакции коишто се во согласност со очекувањата од априлската проекција. На девизниот пазар, во вториот квартал од годината, Народната банка интервенира со мал нето-откуп на девизи, што упатува на поволни поместувања на овој пазарен сегмент. Податоците за бруто девизните резерви за вториот квартал упатуваат на динамика на промена којашто е подобра од очекуваната, при што и понатаму се во сигурната зона, потсетуваат од НБ.

Истакнуваат дека кредитната активност на банкарскиот сектор во текот на вториот квартал од годината оствари забрзан квартален раст, што, посочуваат, е вообичаено за овој период на годината.

-Притоа, задржаниот приспособлив карактер на монетарната политика, како и солидната солвентна и ликвидносна позиција на банките се фактори коишто и натаму ја стимулираат понудата на кредитите. На годишна основа, кредитниот раст на крајот на вториот квартал достигна 5,1 отсто, што е над проектираниот годишен раст според априлската проекција. Истовремено, беше забележан забрзан раст и на депозитната база, како главен извор на финансирање на кредитната активност на банките. Годишниот раст на вкупните депозити на крајот на јуни изнесува 6,7 отсто, што претставува солиден раст и е во согласност со очекувањата според априлската проекција, велат од НБ.

Советот на седницата донесе одлука да ја задржи стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложености во нашата земја и за изложености кон други земји на 0 проценти. Противцикличниот заштитен слој на капиталот претставува еден од макропрудентните инструменти воведени на глобално ниво по глобалната криза, чијашто намена е да придонесе за намалување на прекумерниот кредитен раст во услови на експанзија на финансискиот циклус, односно да помогне при справувањето со процикличноста во финансискиот систем.

-Задржувањето на нивото на противцикличниот слој на капиталот на 0 проценти се темели на показателите за умерениот кредитен раст, отпорноста на банкарскиот систем и остварувањата на домашната економија коишто упатуваат на нејзино закрепнување, истакнуваат од НБ.

Советот разгледа и донесе и измени на Одлуката за начинот и условите под кои резидентите коишто не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство. Со измените се укинува лимитот од 2.500 евра месечно по лице за приливите од сметките кај платежна институција или институција за електронски пари во странство.

На седницата, Советот го разгледа и Извештајот за извршената надворешна процена на квалитетот на работењето на внатрешната ревизија на Народната банка, подготвен од експертски тим од Централната банка на Холандија. Во Извештајот е оценето дека усогласеноста на работењето на внатрешната ревизија на Народната банка со Меѓународните стандарди на Институтот за внатрешни ревизори е на највисокото ниво од три скалила на усогласеност.

Советот разгледа и други прашања од својата надлежност.

извор: МИА

Next Post

Царовска во Куманово:Учениците ни се важни, затоа создаваме квалитетно образование во цела држава

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk