ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Балканот веќе не е темпирана бомба, туку симбол на пријателство

August 1, 2021 19:52
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Балканот веќе не е темпирана бомба, туку симбол на пријателство, а регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ сега ни создава можности да направиме многу и сами да го подобриме квалитетот на животот на граѓаните, изјави премиерот на Северна Македонија Зоран Заев, јави дописникот на МИА од Белград.

Заев во ексклузивно интервју за ТВ Танјуг, како што соопшти РТ Војводина, посочи дека кога го зборува тоа, говори со истите размислувања со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерот на Албанија, Еди Рама, и додаде дека во наредниот период, и покрај негативните реакции што доаѓаат од Приштина, Сараево и Подгорица, кои се безначајни, бидејќи ставовите на граѓаните според анализите што ги видел се позитивни, верува дека на оваа иницијатива ќе се приклучат и другите земји.

– Што е тука лошо ако дејствуваме заедно во случај на пожар, поплава или земјотрес. Ние тројно ги зголемуваме нашите капацитети, што значи повеќе спасени животи, како и заштитени имоти, вели Заев.

Како што беше порачано на самитот, ако се надминат слабостите на администрацијата, на 1 јануари 2023 година, нема да има граница меѓу нашите земји.

Заев нагласи дека тоа ќе биде отворен простор и дека ДДВ ќе се поврзе на софтверски начин, така што, доколку камион тргне од Нови Сад за Гевгелија, сите податоци за ДДВ ќе минуваат низ еден систем.

– Губиме една милијарда евра чекајќи на границите. Нашите безбедносни системи и Министерствата за внатрешни работи имаат одлична соработка и споделуваат работи за евентуална борба против криминалот и корупцијата. Заедно ќе инвестираме во веројатно најголемата фотоволтаична централа од околу 700 мегавати, изјави Заев.

Тој посочи дека се отворени можности за финансирање проекти кои директно ќе им помогнат на граѓаните, без чекање тоа да се направи преку поглавјата и членството во ЕУ.

– Кога ќе ја напуштам мојата Струмица, и додека не стигнам во Белград, Горњи Милановац или Нови Сад, патарините ќе ми бидат пониски за пет отсто, можеби дури и за 10 отсто и тоа ќе важи за сите Македонци, Срби и Албанци. Хотелите исто така ќе понудат 10 отсто попуст за сместување и за рестораните за граѓаните од „Отворен Балкан“, изјави Заев.

Next Post

Салиху за „Слободен Печат“: Скопје го врати неговиот „културен сјај“

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk