ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Русија помогнала во задушувањето на Илинденското востание!?

Русија прва го информира султанот дека во Македонија се подготвува востание и дека тоа востание треба да биде спречено пред да почне. Само неколку месеци подоцна, користејќи руски разузнавачки информации, Турција крваво го задушува Илинденското востание во Македонија

August 2, 2021 13:35
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС
Султанот Абдул Хамид II и рускиот министер за надворешни работи, гроф Владимир Ламбсдорф

Султанот Абдул Хамид II и рускиот министер за надворешни работи, гроф Владимир Ламбсдорф

Share on FacebookShare on Twitter

Според признание на султанот Абдул Хамид II

Во декември 1902 година, при својата посета на Софија, рускиот министер за надворешни работи, гроф Ламздорф, се сретнува со задграничното претставништво на Македонската револуционерна организација за да го изрази своето незадоволство од врачениот проект за автономија на Македонија. Притоа, министерот категорично инсистира да се разбие секаква помисла дека православна Русија стои зад македонските револуционери, пишува Блаже Миневски за Нова Македонија.

На 3 октомври 1902 година, рускиот министер за надворешни работи, гроф Ламздорф, со таен допис бара целосна ликвидација на македонските револуционерни одреди како предуслов за барањата што треба да се поднесат кај турската влада за реформи во Македонија. Во писмото до Зиновјев, руски амбасадор во Цариград, Ламздорф потсетува дека револуционерното движење во Македонија е еден од значајните фактори што ја попречуваат примената на реформите. И рускиот амбасадор во Цариград, во март 1903 година признава дека вложува големи напори за надминување на сите пречки за реформи, а за тоа секојдневно им се обраќа на султанот и Портата. Со телеграма испратена до царската влада во Петербург, амбасадорот Зиновјев потврдува дека „редовно и со задоволство“ го информира султанот за сите преземени мерки за „спречување каква и да е револуционерна дејност во Македонија“. Според телеграмата, Русија со полна доверба ѝ ја препушта на Турција слободата за дејствување против „македонските бунтовници“, залагајќи се за жестоко задушување на востанието. Во секој случај, излегува дека Русија се согласила со илјадниците убиени старци, жени и деца, со палењето на стотици села и куќи, со десетиците илјади протерани Македонци од своите родни огништа. Во таа насока, со никаква „братска загриженост“, искажана подоцна, не може да се покрие дадената согласност за крваво задушување на востанието. А за тоа, во Петербург, не само што знаеле туку и директно учествувале со совети и разузнавачки податоци. Самиот министер Ламздорф, залагајќи се за целосно уништување на четите, изјавил дека негова желба е турската влада да ги уништи македонските комитети до корен. Според изјава на Ламздорф, самиот султан Абдул Хамид II сметал дека ѝ е должник токму на Русија за уништувањето на востанието и на четите што дејствувале во Македонија. Без Русија, признал султанот, не ќе можело така ефикасно да се уништи македонската револуција.

Русија поддржува автономна Албанија, но никако автономна Македонија!

Во руските дипломатски архиви има многу документи што недвосмислено зборуваат за тоа дека Русија со сите сили се залагала за уништување на Македонското револуционерно движење, односно за уништување на идејата за Македонија како самостојна држава. Според документите во руските архиви од почетокот на минатиот век, Русија постојано инсистирала на статус кво, односно Македонија да остане во скоро време под окупација на Турската Империја, а потоа, во даден момент, да се подели меѓу соседните балкански држави, што ќе биде и сторено со нејзина силна поддршка и помош по Втората балканска војна. Ваквата шовинистичка политика била константа во руската дипломатија на Балканот. Во 1901 година, на пример, по едно релативно затишје во Македонија, самата руска дипломатија повторно истапува со остар тон кон македонското прашање. Според д-р Растислав Терзиоски, кој ги истражувал архивите на руската дипломатија од крајот на 19 и почетокот на 20 век во однос на Македонија и македонското прашање, Руската Империја инсистирала на сурови дејства против револуционерното движење во Македонија. Рускиот амбасадор во Цариград, искусниот Иван Зиновјев, доставува официјална декларација пред Високата порта со поддршка на турската власт за преземање најстроги мерки против организаторите на безредијата во Македонија. Притоа, Русија нема никаква намера да ја ограничува Турција во тој однос. Или, со други зборови кажано, убивајте, палете, бесете, не смее да се дозволи македонската револуција да победи и македонскиот народ да се ослободи.

Русија го информирала султанот дека се подготвува востание во Македонија!

Грофот Ламздорф, со тајна телеграма од 9 февруари 1903 година, го информира својот амбасадор во Турција, Зиновјев, дека располага со доверливи информации оти напролет, или најдоцна до почетокот на летото, ќе почне востание во Македонија, па во врска со тоа бара да се обрне внимание востанието да се спречи по секоја цена. Министерот бара амбасадорот веднаш да ѝ пренесе на отоманската влада да обрне сериозно внимание на информацијата, настојувајќи Портата да преземе соодветни мерки за пресекување на активностите на бунтовниците во Македонија, кои можат да предизвикаат опасни компликации на целиот Балкански Полуостров. Со други зборови, Русија прва го информира султанот дека во Македонија се подготвува востание и дека тоа востание треба да биде спречено пред да почне. Само неколку месеци подоцна, користејќи руски разузнавачки информации, Турција крваво го задушува Илинденското востание во Македонија.

Целиот текст ТУКА.

 

Next Post

(ВИДЕО) Мицкоски со гаф во Ташмаруништа, честиташе Велигден наместо Илинден

НАЈНОВО

Анаис

Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

November 8, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

По Израел, САД втора земја што ја прескокна ревизијата на ОН за човекови права

November 7, 2025

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 7 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk