ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Со праг или без за независните листи, донесувањето на измените на Изборниот законик во Собранието неизвесно

August 2, 2021 08:07
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Се поизвесен консензусот меѓу власта и опозицијата за намалување, односно укинување на изборниот праг за независните кандидати, а начелно е постигната согласност меѓу големите четири партии во која насока да се оди со измените на Изборниот законик, кои веќе се во собраниска процедура, а за нив би се расправало веднаш по одморите.

Измените на Изборниот закон на предлог на група пратеници веќе влегоа во собраниска процедура и тие освен препораките на ОБСЕ/ОДИХР, содржат и компромисен предлог за начинот на спроведување на престојните локални избори. Отворените листи се дел од компромисниот предлог, како и прагот од три отсто за преференцијалните кандидати за советници, за кој имаше забелешки, особено од помалите партии, но реакциите особено беа во однос на два отсто изборен праг за оние кои на изборите сакаат да учествуваат со независни листи.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера изјави дека за партијата е прифатлив и праг од еден отсто и воопшто да нема праг во однос на поднесувањето потписи за независна листа за кандидатура на претстојните локалните избори.

Во однос на Изборниот законик, и изјавата на премиерот Зоран Заев за намалување или укинувањето на прагот за потписи за независните листи, Мицкоски рече дека нивен принципиелен став е дека за нив е важно изборите да бидат фер и демократски и ќе ги прифат ваквите предлози.

– Се што мислат дека е во насока на добри фер и квалитетни демократски избори ВМРО-ДПМНЕ ќе прифати. Не сакале отворени листи – прифаќаме нема отворени листи, сакаат од два да намалат на еден отсто прифаќаме ако мислат дека и така треба, нека нема праг, само да имаме фер и демократски избори, рече Мицкоски пред состанокот со партијата Демократски сили на Ромите нивен коалициски партнер по повод соработката на претстојните локални избори.

Според него, во преговорите за измените на Изборниот законик, предлогот за зголемување на прагот за независните кандидати како и барањата за отворени листи дошол од власта, односно од помалите парти.

-Помалите партии бараа отворени листи, ВМРО-ДПМНЕ се сложи. Потоа се предомислија, ВМРО-ДПМНЕ повторно се сложи. Од страна на власта, исто така, се побара да се зголеми прагот на оние листи на кои им се потребни потписи за да ја истакнат својата кандидатура. Бидејќи тоа беше барање од власта, ВМРО-ДПМНЕ само за да има фер и демократски избори и на тие преговори рече –како вие мислите, така ќе прифатиме. Потоа, гледаме дека помалите коалициски партнери ретерираа од тој став. ВМРО-ДПМНЕ изрази разбирање за ставот на помалите политички партии, го поддржа и ставот на ВМРО-ДПМНЕ беше нека се договорат во владината коалиција, сè што тие ќе се договорат ние ќе прифатиме, вели Мицкоски.

Тој најави дека партијата на 16 и 17 август ќе ги открие своите кандидати за градоначалници за претстојните локални избори.

Премиерот Зоран Заев во саботата изјави дека прагот од два отсто за собирање потписи за независните листи во Предлог-измените на Изборниот законик ќе биде намален, веројатно на еден отсто или можеби и укинат, за што ќе одлучат пратениците.

– Ги слушнав пратениците буквално од сите пратенички групи дека укажувањето од стручната јавност се прифатливи. И верувам дека веќе е изнајдено решение. Така да, Изборниот законик ќе биде согласно укажувањата коишто стигнаа и од експертската јавност, но и од помалкубројните и незвисните така да кажам, заради тоа што тие оценија дека не е коректно поголемите партии да го определуваат процентот или прагот на неопходен број на собрани потписи за поднесување на независните листи. Видов дека има амбиент и ќе биде намалено два отсто веројатно на еден отсто или можеби укинат. Како ќе одлучат пратениците секако јас како политичар тоа ќе го поддржам, рече Заев на новинарско прашање по пуштањето во употреба на автоматизиран систем за наводнување во Општина Валандово.

Активисти на Граѓанска иницијатива ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД вчера во соопштение наведуваат дека се револтирани од последната изјава на премиерот Заев за, како што наведуваат, зголемувањето на прагот за независни листи на локално ниво на 1 отсто, што сака да го прикаже како намалување.

-Учеството во изборната трка на независни граѓани кои не сакаат да се дел од ниедна партија – не е и не може да биде предмет на пазарење. Уште помалку, предмет на пазарење меѓу партиите. Веруваме дека премиерот Заев е свесен дека со неговите калкулации ќе бидат потребни повеќе потписи за независна советничка листа за Град Скопје отколку за пратеничка листа? За кандидирање на парламентарни избори, независна листа треба да собере 1.000 потписи од цела изборна единица, а за Град Скопје со зголемувањето на прагот на 1 отсто треба да се соберат 5.000 потписи, колку што на локалните избори во 2017 г. „тежел“ еден советнички мандат, посочуваат од граѓанската асоцијација.

Меѓу другото бараат јавна дебата за Изборниот законик со учество на сите засегнати страни, актуелниот праг за собирање потписи за независни листи на локално ниво да се намали десеткратно за сите општини, и моделот на отворените листи кои може да ги збунат гласачите да не се воведува на претстојните избори.

Порано, седмицава, претседателот Стево Пендаровски изјави дека нема да ги потпише измените на Изборниот законик во сегашната форма, пред се, поради двата проценти праг наменети за независни кандидати. Предложените измени на Изборниот законик би го добиле потписот на шефот на државата само доколку во однос на прагот за независните кандидати се постигне поширок консензус меѓу партиите. Шефот  на државата смета и дека е непримерно за толку кусо време пред изборите да се менува Изборниот законик, што не е согласно препораките на ОБСЕ-ОДИХР, тоа да не се прави шест месеци пред избори.

Министерот за правда Бојан Маричиќ, пак, очекува да има промени и подобрувања во текстот на Изборниот законик. Вели дека начелно е постигната согласнот меѓу големите четири партии во која насока да се оди, и очекува веднаш по одморите, на средина на август, измените да бидат изгласани во Собранието. Напомена дека консултациите траат постојано, односно темата е отворена веќе неколку месеци.

-Во оној момент кога ќе имаме законски текст кој ќе биде усогласен, и за кој ќе сметаме дека ќе биде подобар од овој кој што е во моментов во Собранието, ќе биде повторно предложен и тој ќе биде изгласан. Меѓутоа во секој случај добро е да има измени на Изборниот законик, во смисла на препораките на ОБСЕ/ОДИХР пред се, но и некои други решенија кои се битни за изборниот процес пред да одиме на избори во октомври, рече министерот за правда Бојан Маричиќ.

Предлог-измените на Изборниот законик, поднесени од пратениците координатори на четирите најголеми партии во Парламентот е во собраниска процедура. Mатичната Комисија за политички систем треба да ги разгледа амандманите на Предлог-законот кои се над 700, поднесени од партијата  „Левица“,.

Претседателот на Собранието Талат Џафери локалните избори ќе ги распише на 6 август, а ќе се одржат согласно законскиот термин на 17 октомври, годинава. /МИА/.

Next Post
Фото: МИА

Одбележување на 118 години од Крушевската република и 77 години од Првото заседание на АСНОМ

Shortcut

Најново

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026
Фото: 360 степени

(ВИДЕО) Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

June 15, 2026

Николоски: Започнуваме постапки за изградба на експресен пат Кочани-Виница-Делчево и експресен пат Радовиш-Струмица

June 15, 2026

Мицкоски: Исплатени 230 милиони евра за домашните компании, индустријата бележи раст од 7,5%

June 15, 2026
ВИ

САД и Иран постигнаа договор што треба да стави крај на конфликтот, паѓа цената на нафтата

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk