ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Како ЦУК целосно сме фокусирани на луѓето, а потоа на материјалните добра, вели Ангелов

August 3, 2021 15:23
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вчера никој не загина, вчера никој не беше повреден. И тоа е нашиот курс. Дрвјата повторно ќе пораснат, дрвјата пак ќе ни се вратат, загубените човечки живот нема да се вратат никогаш, рече денеска на прес-конференција в.д. директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Според Ангелов, фокусот треба да е ставен на луѓето, а потоа на материјалните добра.

-Нека гори се, само сите да се живи и здрави. Затоа како ЦУК целосно ќе бидеме фокусирани на луѓето, а потоа на материјалните добра. Изгорени се само два покриви на куќи, неколку возила, но најважно е што нема жртви. Дрвјата ќе пораснат повторно, крововите ќе се санираат, но човечкиот живот нема да се врати, рече Ангелов.

Тој додаде дека нема потреба од прогласување на кризна состојба во одредени делови од земјата, но дека ситуацијата се следи и дека ако има потреба, веднаш ќе биде прогласена кризна состојба.

На температури повисоки од 37 степени, како што рече Ангелов, не е безбедно летањето на хеликоптер. Едноставно, посочи тој, ги загрозуваме животите на посадата.  

-Пред некоку дена при гаснење на пожар дојде до прегревање на хеликоптерот и опасност за посадата. Благодарение на храброста на пилотите и нивниот командант, хеликоптерот мораше да се крене на висина од 2000 метри за да се излади и да може безбедно да се врати во база, рече директорот на ЦУК.

Тој посочи дека не само македонските, и српските хеликоптери кои ќе пристигнат не можат да летаат на овие пеколни температури. 

-Вчера во текот на попладневните часови кога темпратурата на воздухот се намали за пет, четири степени, командатот веднаш даде наредба и го упати хеликоптерот во Нагоричани. Кога во доцните попладневни часови пожарот во Кочани стана исклучително опасен и дојде до самите куќи, побарав од командантот веднаш да го пренасочи хеликоптерот од Нагоричани во Кочани, но хеликоптерот дејствуваше долго време и неговото гориво беше доволно да отиде до Кочани и да се врати. Едноставно немаше доволно гориво, додаде Ангелов.

Како што рече, се работи за машина која што има лимити.

-Јас сум горд затоа што ние како држава, ние како ЦУК и останатите субјекти на системот за управување на ЦУК во текот на вчерашниот ден спасивме човечки животи, додаде тој.

Во однос на информациите дека пожарот којшто во Кочани беснееше пред пет, шест дена не бил изгаснат и повторно се разгорел, според Ангелов, се работи за невистина.  

Тој појасни дека вчера во Кочани се појави сосема нов пожар на сосема друга локација на претходната, од сосема друга причина. Како што рече, најверојатно причина е спој на жици на далноводи или бандери, но МВР работи на откривање на точните причини. 

Ангелов додаде дека новиот пожар по појавата бил контролиран, и се ширел споро, но имало ветер што е нетипичен за овој период од годината и кој што почнал со голема брзина да го шири пожарот.  

-Исклучително сувата вегетација поради икслучитлено високите темпертури коишто се вообичени за овој период од годината придонела пожарот со голема брзина да се рашири во неколку различни правци. Во моментот кога ситуацијата стана сериозна од страна на градоначалникот од мене беше побарано употреба на хелихоптер. За жал, хеликоптерот веќе се наоѓаше во Старо Нагоричани каде што беснееше еден друг голем пожар којшто денеска е уште повеќе проширен, рече Ангелов.

Тој напомена дека пожарот во Нагоричене загрозил повеќе кукќи  од некоку села од разбиен тип и претставувал ризик за граѓаните.  

Поради тоа, како што рече, хеликоптерот дејствувал на тој терен што е тешко пристапен за цистерните и за другите возила кои можат да помогнат во гаснењето.  

-Како држава имаме ограничени ресурси. Ние тоа мораме да го сфатиме, треба да работиме на зголемување на нашите капацитети, но нашите капацитети се тие со години, па би рекол со децении наназад, рече Ангелов.

Тој посочи дека хеликоптерот продолжил да дејствува во Старо Нагоричане, додека во Кочани се обиделе да ангажираат максимум припадници, односно субјекти на системот за управување со криза. 

Ангелов посочи оти дезинформацијата дека ЦУК не презел ништо, целосно е неточна. 

-Во раните утрински часови на вчерашниот ден беше ангажиран хеликоптер по барање на ЦУК, во 6 часот наутро хеликоптерот беше полетан кон Нагоричани. Веднаш потоа продолживме со координација со сите останати субјекти на системот за управување со криза. Без разлика дали сум во Крушево, во Скопје, во Кочани или во Нагоричани состојбата е иста. Мене ми треба телефон мојата екипа од ЦУК која што вчера машки изработи на терен, не само раководителите од повисоките ешалони, туку и сите вработени во ЦУК коишто постојано цело време беа на терен и останаа во текот на ноќта на терен за да добиваме свежи информации во секој момент, посочи Ангелов. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Американското Министерство за правда отпушти уште девет вработени кои воделе истраги за Трамп

July 12, 2025
Фото извор: Укринформ

Зеленски: Русите синоќа ја нападнаа Украина со 26 крстосувачки ракети и 597 дронови, убиени се две лица

July 12, 2025

Мицкоски не го осуди нападот врз градоначалничката Арсовска: Има институции, ги повикувам да постапуваат

July 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Tошковски: Имало физички контакт при нападот врз Арсовска, но лага е дека се се случувало пред полицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зоран Кардула со нова самостојна изложба: „Flora Imaginarium“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Арсовска со драматични обвинувања кон МВР: Се обидуваат да го заташкаат тепањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk