Американската гимнастичарка и една од најдобрите на светот, Симон Бајлс по проблемите со менталното здравје, денес се врати на натпреварувањата. Таа настапи во финалето на греда и освои бронзен медал со резултат 14,000 бода.
Првите две места ги освоија гимнастичарки од Кина. Победи Хуан Ченчен со 14,633 бода.
Сребрениот медал отиде кај Сиџинг Танг со 14,233 бода.
Ова беше последната финална дисциплина за гимнастичарките на Олимпијадата во Токио.
Од другите настани на Олимпијадата во Токио издвојуваме:
Ракометарите на Франција и на Шпанија полуфиналисти на ОИ
Франција и Шпанија се пласираа помеѓу четирите најдобри репрезентации на ракометниот турнир на Игрите во Токио.
Рано утрово Шпанија ја победи Шведска со 34:33 во второто четвртфинале.
Претходно, Франција забележа убедлива победа над Бахреин со 42:28.
Другите две четвртфинални двојки се:
Данска – Норвешка (почеток 10 часот)
Германија – Египет (13:45 часот).
Одбојкарите на Бразил и Русија ја формираа првата полуфинална двојка
Одбојкарите на Бразил и на Русија ќе играат во полуфиналето на Олимписките игри во Токио.
Ова е епилогот по првите два четвртфинални меча одиграни во раните утрински часови.
Најпрво Русија ја совлада Канада со максимални 3:0, по сетови 25:21, 30:28 и 25:22.
Во второто четвртфинале, Бразил исто така со 3:0, по сетови 25:20, 25:22 и 25:20 беа поуспешни од Јапонија.
Во текот на денот ќе играат:
Италија – Аргентина
Полска – Франција.
Кошаркарската репрезентација на САД избори полуфинале во Токио
Машката кошаркарска репрезентација на САД се пласираше во полуфиналето на Олимпијадата во Токио. Во четвртфиналето, утрово Американците ја совладаа Шпанија со 95:81.
Најефикасен играч на средбата беше Рики Рубио, кој постигна 38 поени, но тоа не беше доволно Шпанија да го избегне поразот.
Во полуфиналето, тимот на САД ќе се соочи со победникот од натпреварот Австралија против Аргентина.
Претходно полуфинале на Олимпијадата избори Словенија кој ќе го чека подобриот од дуелот Италија – Франција.
Ј. Ѓ.